Реклама
Прилози

🎥 Убиства, семејно насилство и зависности: Македонија се соочува со сериозна криза на менталното здравје

Македонциите имаат ниска свесност за значењето на менталното здравје и големите проблеми…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонциите имаат ниска свесност за значењето на менталното здравје и големите проблеми ги решаваат на кафе споделувајќи ги со соседи, пријатели колеги. Оваа навика како и занемарувањето на зависностите, доведува до сериозни инциденти, а честопати до убиства и самоубиства. Психотерапевтката Розалија Секулоска вели дека граѓаните не се доволни свесни и не бараат стручна помош  за нивното ментално здравје туку чекаат да им помине. Според неа, лошата навика на граѓаните се одразува и на сликата на македонското општество. Нема ниту еден месец  да помине, без едно, две или повеќе убиства, поради семејно насилство или проблем со алкохол и дрога. Секулоска апелира дека потребни се законски измени со што психотерапевтите ќе станат задолжителни во образованието, здравството и социјалата.

Покрај ниската свест на граѓаните, голем проблем на македонсото општество е и  семејното насилство кое секојдневно ги полни билтените на МВР, но и алкохолизмот и коцкањето. Оддлението за лечење на зависности при Психијатриската болница во Скопје е преполно и термините се пополнуваат со месеци однапред. Директорката Славица Арсова вели дека погрешна е големата слика , мажите се тие кои се склони на пиење и коцка, а жените помалку. Проблеми со пороци и зависности имаат сите, а пациентите се на најразлична возраст, од тинејџери до пензионери. Жените само се многу повешти во криењето, вели Арсова.

За само неколку дена во Македонија се случија четири убиства. Пред два дена во во Штип 65 годишна жена си го закла сопругот откако ја фатил за врат. Истата вечер во истиот град  54 годишен алкохоличар до смрт ја избоде мајка си. Истата недела имаше крвав пир и во Кавадарци. 43 годишен маж си го уби братот, по што си го закопал во дворот и местото го покрил со шпертплоча. Во психијатрискта болница, пак, во Бардовци пациент со стаклено шише го закла цимерот бидејќи се скарале за легло.