Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Прилози

🎥 Судењето за Кочани, како најобемен случај во нашата историја, може да трае со години, ако не дури и цела деценија

Долги години, а можеби и децении ќе трае судењето за трагедијата во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Долги години, а можеби и децении ќе трае судењето за трагедијата во Кочани со оглед на тоа што има околу 1500 докази и безмалку 300 сведоци.

Обвинението за пожарот во Кочани е распослано на 165 страници и ја пресликува  нефункционалноста на институциите во последниве 13 години. Најмалку 3, а најмногу 20 години затвор ги чека триесет и четворицата обвинети. Според обвинението никој не работел законски.

„Во периодот од 2012 година до 16.03.2025 година, во Кочани, Виница, Штип и Скопје, повеќе одговорни и службени лица и други НН службени и одговорни лица, заеднички со учество во дејствие на извршување на кривично дело или со друг особен придонес, воопшто не постапиле според прописите и техничките правила за мерките за заштита и со тоа предизвикале опасност за животот и телото на луѓето, како и имотот од големи размери“, Извадок од обвинението.

Реклама

Проектантката на објектот, обезбедувањето, пазарните, градежните и локалните инспектори, службеници од Министерството за економија,тројцата поранешни градоначалници и двајцата поранешни министри не вршеле контроли и инспекции, а само еден зел мито. Службеникот од Министерството за економија на двапати зел по 200 и 3600 евра за лиценците на дискотеката „Пулс“. Џеваир Камбери, во 2019 побарал и добил 200 евра од првосомничениот сопственик на „Пулс“ Дејан Јованов, без да биде спроведена постапка за добивање лиценца. Истото се повторило и во 2024 година. Тогаш митото било поголемо.

„Со свој потпис и со службен печат овозможил правење службена исправа со невистинита содржина Лиценца за вршење на угостителска дејност што се издава согласно чл.20 од Законот за угостителската дејност на начин што откако претходно од обвинетиот Дејан Јованов побарал парична награда.Во просториите на Министерството за економија од обвинетиот Дејан Јованов примил подарок – парични средства во износ од 226.000 денари, по што веднаш потоа, без да биде спроведена законски пропишаната постапка, на обвинетиот Дејан му издал фалсификувана службена исправа“, Извадок од обвинението.

Покрај 34 обвинети меѓу кои се синот и братот на Дејан Јованов, се гонат и фирмата чија е дискотеката, како и фирмата за обезбедување и проектантско друштво. Во затворски и куќен притвор се петнаесетмина обвинети. Обвинението се уште нема добиено оценка од Кривичниот суд во Скопје. Најверојатно ќе се суди во големата судниа во Идризово бидејќи во кочанскиот суд немаше судии. Според праксата, ваквите судските процеси во Македонија траат цела вечност и завршуваат неславно. Јавноста ги памети „Змиско око“,„ Армиско оружје“,„Тенковски делови и ред други, судења што траеа повеќе и од 10 години, а повеќето застареа или се уште се судат.