Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Прилози

🎥 Димитриеска-Кочоска: Историски приходи во буџетот за јули

Државната каса се полни со забрзано темпо. Последните податоци за јули се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Државната каса се полни со забрзано темпо. Последните податоци за јули се историски високи, односно според податоците, приходите од наплатата на Царинската управа и Управата за јавни приходи се досега рекордни во еден месец. Министерката за финансии вели дека финансиската стабилност и одржливиот економски раст се во фокусот на Владата и дека веќе има видливи резултати. Во јули, УЈП наплатила за 7,4% повеќе пари од даноци и придонеси споредено со истиот месец лани. Приходите од увозните давачки, пак, се зголемени за 19, 2%, а по основ на акцизи се наплатени повисоки приходи за 5,7%.

„Историски високи приходи во Буџетот за јули, Царинската управа и Управата за јавни приходи имаат највисока месечна наплата досега. Финансиската стабилност и одржливиот економски раст се наш фокус и веќе се гледаат резултати, уште во првата година од мандатот. Ова се резултати на ефикасна, одговорна и професионална работа. продолжуваме посветено, со поддршка за стопанството и грижа за секој денар на граѓаните“ – пишува на Фејсбук, министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска.

Царинската Управа веќе објави дека има рекордна наплата на приходи во јули. Биле собрани над 200 милиони евра, што е зголемување за 5,4%, односно над 10 милиони евра повеќе во однос на истиот месец лани, кој беше со историски најдобар резултат. Директорот на Царина рече дека зголемената наплата се должи на порастот на увозот на машини, делови од електрични машини и опрема, како и на моторни возила. Исто така било унапредено управавувањето со процедурите, била зголемена контролата и координацијата со другите институции.

Реклама

Од УЈП, пак, информираат дека бил остварен значителен раст на наплатата по основ на даноци и социјални придонеси за речиси 37,4 милиони евра споредено со ланскиот јули. Рекорден износ или 233 милиони евра биле наплатени од ДДВ, данок на личен доход и данок на добивка. Тоа е за околу 15 милиони евра повеќе од јули 2024-та, што е раст од 6,9%. Раст од 13,4% се бележи кај социјалните придонеси, и по тој основ наплатени се 192 милиони евра,  што е за 23 милиони евра повеќе споредено со јули минатата година.

Премиерот напомена дека главна цел на Владата е намалување на сивата економија и зголемена дисциплина во финансиските институции, а поголемиот прилив на пари во буџетот ќе значи и повеќе средства кои ќе се вложат во инвестиции за подобар живот на граѓаните.