Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Прилози

🎥 Банките попуштија – ќе намалат дел од надоместоците и тарифите, некаде и до 70%

Граѓаните во исчекување банките да ги намалат надоместоците и тарифите. Гневни се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Граѓаните во исчекување банките да ги намалат надоместоците и тарифите. Гневни се што со години, банките наплаќаат за услуги кои се повеќе и повеќе поскапуваат. Од одржување на трансакциски сметки, надомест за електронско и мобилно банкарство, провизија за плаќање уплатница на шалтер, за повлекување пари од банкомат, за блокирање и одблокирање сметка, банките имаат стотици услуги за кои им земаат пари на граѓаните и фирмите. Зависно од тоа колку сметки има секој поединец и какви трансакции врши, по основ на провизии и надоместоци може да плати и над 3.000 денари годишно.

Откако Народната банка го поедностави Македонскиот интербанкарски платен систем – МИПС и им даде сигнал да ја намалат висината на надоместоците, трите најголеми банки во Македонија веќе објавија нови тарифници со намалени трошоци за платните услуги. Некои од нив важат уште од денеска, а други ќе стартуваат од октомври. Кај некои банки поевтинувањата се до 70%, а надоместоците за затворање на обична и девизна платежна сметка, доколку рамковниот договор е со важност пократок од 6 месеци за компании, целосно се укинуваат.

„Соодветно намалување има и кај правните лица. На овој начин, Банката придонесува кон зголемена финансиска инклузија но и кон раст на бројот на корисници и на трансакции на дигиталните канали каде што промените во надоместоците се и најизразени“, велат од Стопанска банка Скопје.

Реклама

„Банката одлучи електронското банкарство за физички лица да го овозможи без надомест за клиентите што ќе изберат некој од КБ пакетите. Исто така, со новите услови наместо досегашните три, физичките лица месечно ќе имаат 10 бесплатни проверки на состојба со дебитна картичка на банкомат. Стандардните дебитни картички за приматели на плата и пензија и натаму остануваат без надомест“, велат од Комерцијална банка Скопје.

Според актуелните тарифници, кај банките во Македонија има драстични разлики во надоместоците што ги наплаќаат, со тоа што тие се највисоки за трансакции преку шалтер, а поевтини и до 90% се истите услуги ако се завршат он лајн или преку мобилен. Од 30 до 150 денари се наплаќа за стандардната услуга одржување на сметка, за кредитен трансфер во денари во земјата услигите варираат од 20 до 120 денари, минималната провизија з априливи од странство се движи од најмалку 10 до дури 500 денари. За да повлечете кеш од на банкомат кај некои банки не с еплаќа надомест, но кај други трошокот може д адостигне и 300 денари. Според податоците, провизиите кои ги наплаќаат банките сочинуваат 18% од нивните вкупни приходи кои од година в година рушат рекорди.