Реклама
Македонија

🎥 Политичката сцена влезе во успорен летен ритам кој ќе трае до средината на август

Летото ги ипразни функционерските канцеларии – дел од министрите веќе ги спакуваа…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Летото ги ипразни функционерските канцеларии – дел од министрите веќе ги спакуваа куферите за на одмор – некои заминуваат кон Јадранот, други уживаат на турските плажи, а дел остануваат во домашен амбиент во Охрид. Политичкиот терен стивнува до втората половина на август, кога се очекува нова офанзива – овој пат за локалните избори.

Дел од нив ќе продолжат да ги извршуваат своите работни обврски и за време на одморот, додека други ќе се вратат на своите позиции по 15 август. Има и функционери кои годинава воопшто нема да одат на класичен одмор, додека пак дел сè уште не одлучиле.

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, неколку дена ќе престојува во Охрид, но и од таму ќе ги извршува своите обврски.

Реклама

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова во следните денови ќе престојува во Вила Билјана во Охрид, од каде ќеги извршува работните обврски, информираа од кабинетот на претседателката.

Дали и каде ќе оди премиерот Христијан Мицкоски, за сега нема одговор, иако, меѓу неговите омилени дестинација изминатите години беа Црна Гора или Хрватска. Нема одговор ниту каде ќе се одмори претседателот на СДСМ Венко Филипче, за кој е општо познато дека поседува специјална виза за Дубаи.

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски една недела ќе помине на Јадранот, во Црна Гора. Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски пак, во моментов е во Турција, со неговото семејстов.

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски ќе искористи неколку дена во Охрид, со своето семејство. А министерот за одбрана Владо Мисајловски, на одмор ќе оди после 7 август.

Меѓу тие кои нема да одат на летување овој периот се собранискиот спикер Африм Гаши и министерот за здравство Азир Алиу. Голем дел од министрите пак се уште не одлучиле, меѓу кои и вицепрмеиерот и министер за животна средина Изет Меџити.

Политичката сцена добива успорен летен ритам, но само до средина на август, кога се очекува партиите да влезат во завршната фаза за локалните избори. Се одмораат, но и спремаат стратегии без разлик дали се на море, во вила или со лаптоп покрај езеро. Од втората половина на месецов ќе се официјализира и начинот на кој владината коалиција ќе настапи на локалните избори. Повеќето од кандидатите на владејачките партии се веќе познати, а останува да се види каков ќе биде договорот меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ. Летниот одмор, доколку го користи, ќе му помогне и на претседателот на СДСМ Венко Филипче, во одлуките кого да кандидира за градоначалник, во општините каде до сега немаат кандидат.