Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Прилози

🎥 Новинарот Фуркан Салиу со обиди за историски ревизионизам, но и лични навреди кон колеги и медиуми

Обидите за историографски ревизионизам и етнички поделби сѐ почесто доаѓаат не само…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Обидите за историографски ревизионизам и етнички поделби сѐ почесто доаѓаат не само од политичари од соседните земји, туку и од медиумски гласници кои можеби зад себе имаат некаква политичка агенда. Последниот статус на новинарот Фуркан Салиу, објавен по повод Илинден, предизвика лавина реакции, откако го прекрсти македонскиот револуционер Питу Гули, во Пјетер Гури, револуционер за кого воопшто нема историски податоци дека постоел со тоа име.

„За ваква држава ли се бореа Гоце Делчев и Пјетер Гури? Следниот Илинден ќе го дочекаме како изолирана држава со меѓуетнички тензии“, објави новинарот Фуркан Салиу.

Објавата на Салиу предизвика лавина реакции кај правници и интелектуалци, а адвокатот Јанаки Митровски му одговори на Фуркан дека со објавата на Фејсбук, шири лажна пропаганда и дека Питу Гули никаде не е наведено дека бил православен Албанец.

Реклама

„Ова е ширење ЛАЖНА пропаганда дека Питу Гули бил православен Албанец. Нема потреба од убедувања, доволно е да се погледнат имињата на неговите синови: Стерјо, Никола и Ташко“, објави адвокатот Јанаки Митровски.

Откако и новинарот Матеја Петровски јавно го осуди обидот на Фуркан за етничко присвојување на Питу Гули, Салиу премина на лични навреди.

„Каков грозен обид за одвратна провокација, нема дно кое не го проби мојов колега“, објави новинарот Матеја Петровски.

„Драги сограѓани, во ерата на социјалните мрежи и вештачката интелигенција не дозволувајте да ве манипулира пропаднат новинар кој што не беше достоен за ниту една политичка функција па го оставија во Алфа. Проба како портпарол на град Скопје, ама брзо се откажа затоа што од партија не му кажале дека тоа е работно место а не само утешна награда за најдобар потрчко. Се што треба да направите е да влезете на сајтот на Алфа телевизија и да сфатите како се беше катаклизмично за време на претходната власт, и како сега се е совршено“, објави новинарот Фуркан Салиу.

Од ЗНМ молк. Здружението на новинари на Македонија досега не се огласи за недоличниот статус на Фуркан Салиу.