Реклама
Свет

Трамп ја отпушти шефицата на Статистика за труд поради „лажни“ податоци – економијата забавува, Волстрит во пад

Американскиот претседател Доналд Трамп ја отпушти шефицата на Бирото за статистика на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Американскиот претседател Доналд Трамп ја отпушти шефицата на Бирото за статистика на трудот Ерика Мекентарфер по објавувањето на разочарувачките економски податоци. Според Трамп економските податоци биле наместени и манипулирани за политички цели иако за тоа не понуди никакви докази.

Најновите економски показатели укажуваат на забавување на економијата.Истовремено, инфлацијата расте, а довербата на потрошувачите е намалена. Економистите сметаат дека царинската политика на Трамп почнува да влијае негативно на економијата.

Воведувањето на нови царини, кои во просек се околу 15%, се смета за еден од најрадикалните чекори од 1930-тите и предизвикува нестабилност на пазарите.

Реклама

Лошите економски вести предизвикаа пад на Волстрит и ги зголемија очекувањата за намалување на каматните стапки од страна на Федералните резерви.