Реклама

Мицкоски: Граѓаните да бидат спокојни, до денар ќе си ги добијат своите пари

Дождовите ја спасија есенската сеидба на житото, земјоделците чекаат да се засуши земјата за да влезат во нивите

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта банка“, од денеска можат да си ги подигнуваат парите

Град Скопје ги ослободува младите брачни парови од плаќање комуналии за изградба на куќа

Полициски специјалци во акција во Куманово – Се разбива организирана криминално-лихварска група

Хаос на европското небо – лажни дојави за бомби го пореметија авиосообраќајот

Димитриеска- Кочоска: Случувањата со Алта банка не се закана за банкарскиот систем

Евроамбасадорот Рокас ќе му го врачи извештајот на Европската комисија на премиерот Мицкоски

Уставни измени па се друго: Пофалби за реформите, ама очекувани услови за Македонија од ЕК

„Ралф АИ“ – Новиот македонски „CHATGPT„ за сметководители, правници и административци

Македонското здравство полека се опоравува-следат клучните проекти- болниците во Штип и Тетово, и новиот Клинички во Скопје

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта Банка, од утре ќе може да подигнуваат пари

Македонија

Минчев: Илинден не е само историја, тоа е постојана обврска за сите нас

Министер за јавна администрација Горан Минчев упати честитка по повод 2 Август…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министер за јавна администрација Горан Минчев упати честитка по повод 2 Август – Денот на Републиката, во име на Министерството за јавна администрација и во свое лично име.

„Овој ден е симбол на нашата државност, гордост и непокор, ден кога се поклонуваме пред храброста на нашите предци, кои во Крушево и на АСНОМ ги поставија темелите на современата македонска држава, слободна, суверена и демократска.

Илинден не е само историја.
Тоа е постојана обврска за сите нас, особено за оние што сме избрани да служиме на граѓаните.
Обврска да градиме институции што ќе бидат праведни, ефикасни и достапни.
Обврска да ја продолжиме борбата за еднаквост, слобода и достоинство – секој ден, во секоја постапка, во секоја одлука.

Реклама

Како Министерство за јавна администрација, цврсто стоиме на патот на реформите што ќе ја направат нашата администрација поевропска, потранспарентна и почесна.
Напорно работиме за администрација која ќе биде сервис на граѓаните и за институции што ќе ја штитат правдата, а не интересите на поединците.

Илинден е и потсетник дека промените не доаѓаат сами по себе. Тие бараат храброст, визија и заедништво. Токму тие вредности треба да нè водат и денес, додека ја обликуваме Македонија како земја што ќе ги задржи младите, ќе ги врати иселените и ќе ги обедини сите нејзини граѓани под заеднички идеали“, стои во честитката.