Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Прилози

🎥 По години запоставеност – Археолошкиот музеј со голема поставка ќе се реотвори на 8 септември

Артефактите кои претходното раководство ги сокри во подрумите и депоата повторно се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Артефактите кои претходното раководство ги сокри во подрумите и депоата повторно се враќаат во витрините. Археолошкиот музеј на Македонија се подготвува за долгоочекуваното обновување на својата постојана поставка која ќе ги опфати сите клучни периоди – од праисторијата до средниот век. Најголемо внимание ќе биде посветено на антиката односно времето на Александар Македонски.

„Ќе ги споменам златната остава од Марко гроб од Неготино, тоа се состои од масивни златни фигури, гердани, златна пиксида, златни монети од времето на Филип Втори и Александар Трети Македонски. Во таа витрина се претставени штитот со натпис на Базилиос Деметриос. Махаера, тоа е мечот кој бил составен дел на вооружувањето на македонската војска и врвови од копја исто кои биле дел од вооружувањето на еден војник кој бил член на таа војска“, изјави археологот Перо Арџанлиев.

Подготовките се во полн ек, а големото реотворање е закажано за 8 Септември, Денот на независноста. Оваа поставка е и придонес на музејот кон одбележувањето на еден од најзначајните датуми во современата историја на Македонија.

Реклама

„Во полна пареа се подготовките во музејот кој што ќе траат во текот на месец август, големото реотворање со нови содржини со нови археолошки предмети е закажано за 8 септември. Наоди кои што за првпат ќе бидат изложени, наоди кои што долги години биле во музејските депоа и се надеваме дека на соодветен и на малку поинаков начин ќе успееме да ја доловиме историјата на Македонија“, изјави директорката на Археолошкиот музеј Магдалена Манаскова.

Иако музејот активно работи на новата поставка, тој останува отворен за посетители. Новиот објект на Археолошкиот музеј кој се протега на над 6.000 квадратни метри почна со работа пред 10 години, а претходната власт целосно го запушти и сокри дел од експонатите, особено оние од антиката.