Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Прилози

🎥 Борбата со пламените јазици на Готен продолжува

Критична е состојбата со огнената стихија на планината Готен, од страната на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Критична е состојбата со огнената стихија на планината Готен, од страната на Берово. Во текот на ноќта огнот го поминал заштитниот појас направен со трактори и булдожери и зафатил нови површини, каде гори високостеблеста шума. Се работи на непристапен терен на Малешевските планини и е тешко да се дојде до самата линија на пожарот која се мери со километри. На вчерашниот состанок на кризниот штаб е договорено, доколку огнот продолжи да се шири, не се исклучува можноста да бидат евакуирани и неколку земјоделски стопанства  и граѓани кои во тој дел од планината чуваат стока.

„Веќе е договорено доколку е потребна евакуациј на одредени земјоделски стопанства или луѓе кои чуваат добиток на планината. Генерално населените места се далеку, но постои ризик доколку навремено не се дејствува огнот да се спушти. Најблиску населени места се Владимирово, Русиново и туристичката населба Суви Лаки„ изјави Звонко Пекевски, градоначалник на Берово.

Огнот беснее на планината Готен и од страната на Радовиш. Пламените јазици високи и по неколку метри се гасат и од воздух. Таму се уште критична точка е појсот над селата Јаргулица, Покрајчево и Подареш.

Реклама

„Дејствуваат двата ер трактори на ДЗС и еден полициски хеликоптер. Има огромна маса на луѓе кои дејствуват и дават се од себе за пожарот да не се симне надолу. Се работи со механизација, овде има и специјализирани возила и во моментот се трудиме да го застанеме на една пресека што ја имаме направено. Остануваме овде на терен се додека„ изјави Кире Михаилов, заменик директор на ЈП „Национални шуми„

Се уште е активен пожарот во атарот на село Ќосевица, Македонска Каменица , каде гори борова шума. Под контрола се ставени пожарите на планинта Серта, помеѓу селата Драгоево и Селце, како и на планината Плачковица, во близина на село Јунузлија.