Реклама
Македонија

Продолжува потрагата по девојката која исчезна во водите на Вардар

Продолжува потрагата по тинејџерката која исчезна во водите на Вардар, кај Уланци,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Продолжува потрагата по тинејџерката која исчезна во водите на Вардар, кај Уланци, во општина Градско.

16-годишната девојка веќе четврти ден ја бараат полициски службеници и армиските „волци“, со специјална опрема за нуркање и чамци.

Таа, во четвртокот попладне, била однесена од реката, додека се капела заедно со повозрасна пријателка. Жената, која неколкупати се обидувала да ѝ помогне, беше пронајдена – но не и девојката.

Реклама

Надлежните информираат дека потрагата ќе продолжи сè додека девојката не биде пронајдена.