Реклама

Полициска акција во Прилеп, Струга и Скопје за сузбивање трговија со дрога – над 17 уапсени

ЕУ со нов план за кандидатите – Македонија поблиску до Европскиот пазар

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме да разговараме и да дебатираме

Инвестиции во образованието: Официјално пуштен во употреба студентскиот дом „Стив Наумов“ во Скопје

Полициска акција – претреси на 30 локации, под лупа и полицајци во Прилеп

Директорот на „Македониум“ поднесе оставка, премиерот им се извини на граѓаните за пропустот

Серија критики за СДСМ поради Изборниот законик: Кочничари на се, го кочат европскиот пат, бегаат од дебата…

Фехми Стефа бара порано да го пуштат од затвор, Љупчо Пецов – Ѓаволот не ни влезе таму

Квалитет пред квантитет: објавен новиот повик за финансирање културни проекти од национален интерес

Мерките за справување со ценовниот шок даваат резултати, но и го притискаат буџетот

Паметна одбрана од пожари и поплави: Вештачка интелигенција за првпат во македонскиот систем за кризи

Разбиена терористичка келија на ИСИС – уапсени петмина кои планирале напади

Свет

Египќаните фрлаат во морето шишиња со храна за да стигнат до Газа

Египќаните, ужаснати од сцените на глад во Газа, започнаа иницијатива наречена „Од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Египќаните, ужаснати од сцените на глад во Газа, започнаа иницијатива наречена „Од море до море – шише надеж за Газа“.

Како дел од иницијативата, тие полнат шишиња од еден и два литра со житарки, ориз, леќа и друга сува храна и ги фрлаат во Средоземното Море, со надеж дека ќе стигнат до брегот на Газа.

Учесниците велат дека ова е очајна мерка за надминување на израелската опсада, поради која камионите со хуманитарна помош се блокирани на граничните премини, додека стотици илјади луѓе гладуваат.

Реклама

Тие ги повикаа и граѓаните на другите медитерански земји – како Либија, Тунис, Алжир и Мароко – да се приклучат на акцијата.

Идејата ѝ се припишува на египетски академик и инженер што живее во Јапонија. Во објава на Фејсбук, тој објаснил дека, според неговите пресметки, шишињата со храна би можеле да стигнат до бреговите на Газа за 72 до 96 часа.