Татко и син, рано изутринава, беа убиени во бар на Словенска плажа во Будва. Осомничен за убиството е 65-годишниот брат и чичко на жртвите. Неофицијално, причината за убиството е спор околу семејниот бизнис со превоз на туристи со брод.
Сведоци раскажуваат дека браќата синоќа се расправале на бродот, а кавгата продолжила и утрото. Осомничениот извадил пиштол и го застрелал својот брат, а потоа и внукот, додека другиот внук успеал да избега. Според црногорските медиуми, убиецот потоа седнал и чекал да дојде полицијата.
