Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Прилози

🎥 Пожарите не стивнуваат, најкритично е во беровско и радовишко

Македонија во пламен. Шест активни пожари беснеат низ територијата на државава, а…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија во пламен. Шест активни пожари беснеат низ територијата на државава, а три се ставени под контрола – информираат од Дирекцијата за заштита и спасување. Најопасно е на планината Готен, кадешто веќе 10-ти ден, гори нискостеблеста шума, смрека, грмушки и ниска вегетација. Пожарникарите и вработените во Национални Шуми се веќе истоштени од борбата со огнените јазици на планината Голем Готен и Малешевските Планини кој се наоѓа на тромеѓето меѓу општините Радовиш, Берово и Василево. Поради сериозноста на ситуацијата, доцна синоќа градоначалникот на општина Берово, Звонко Пекевски по одржаниот кризен штаб го повика населението и одговорните компании да помогнат во битката со пожарот. Уште од 5 часот утринава, оганот се гасне од земја и воздух. Вклучени се пожарникари, вработени во ЈП „Национални шуми“, месното население, специјализирани возила, како и ер трактори и хеликоптери. Последните информации се дека тој ќе биде ставен под контрола како не би стигнал до селата Владимирово, Мачево  и  Русиново.

Многу покритично е на другата страна на планината кон градот Радовиш, кадешто теренот е понепристапен за гаснење на огнот. Иако овој пожар пред неколку дена беше ставен под контрола, наеднаш поради големиот ветер се распламти на голема територија. Сега со булдожери се прават просеки на 100-тина метри од населените места за тој да биде запрен, а со тоа и да се овозможи влез на хермелините, пинцгауерите и БРТ возилата да го изгаснат огнот.

Во Прилепскиот регион се активни два пожари, едниот се проширува во село Бешиште кон село Градешница и кон граничниот појас со Грција, а вториот крак е кон село Дрен, додека делот помеѓу Царевиќ и Смолани засега е под контрола. Во општина Македонски Брод, повторно се шири пламен меѓу селата Црешево, Локвица и Крапа. Во штипскиот регион има нов пожар помеѓу селата Драгоево и Селце. Во општина Желино, огнот беснее меѓу селата Церово и Групчин. Три пожари се ставени под контрола во Грешница и Латово во општина Македонски Брод и во Јунузлија во општина Карбинци. Сепак, надлежните се претпазливи бидејќи пожарите постојано се реактивираат поради ветерот и високите температури.