Реклама

Полициска акција во Прилеп, Струга и Скопје за сузбивање трговија со дрога – над 17 уапсени

ЕУ со нов план за кандидатите – Македонија поблиску до Европскиот пазар

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме да разговараме и да дебатираме

Инвестиции во образованието: Официјално пуштен во употреба студентскиот дом „Стив Наумов“ во Скопје

Полициска акција – претреси на 30 локации, под лупа и полицајци во Прилеп

Директорот на „Македониум“ поднесе оставка, премиерот им се извини на граѓаните за пропустот

Серија критики за СДСМ поради Изборниот законик: Кочничари на се, го кочат европскиот пат, бегаат од дебата…

Фехми Стефа бара порано да го пуштат од затвор, Љупчо Пецов – Ѓаволот не ни влезе таму

Квалитет пред квантитет: објавен новиот повик за финансирање културни проекти од национален интерес

Мерките за справување со ценовниот шок даваат резултати, но и го притискаат буџетот

Паметна одбрана од пожари и поплави: Вештачка интелигенција за првпат во македонскиот систем за кризи

Разбиена терористичка келија на ИСИС – уапсени петмина кои планирале напади

Свет

САД и Израел ги повлекуваат преговарачите од Доха

Среде напорите за постигнување прекин на огнот во Газа, САД го повлекуваат…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Среде напорите за постигнување прекин на огнот во Газа, САД го повлекуваат својот преговарачки тим од главниот град на Катар, Доха. Хамас не е подготвен да постигне прекин на огнот, напиша специјалниот претставник на САД, Стив Виткоф, на платформата X.

Иако медијаторите вложија значителни напори, се чини дека исламистичкиот Хамас не дејствува на координиран или искрен начин, оценува Виткоф:

„Сега ќе истражиме други опции за враќање на заложниците дома и ќе се обидеме да создадеме постабилна ситуација за народот на Газа.“

Реклама

САД, според Виткоф, се посветени на завршување на конфликтот и траен мир во Појасот Газа. „Срамно е што Хамас дејствуваше толку себично“, напиша тој.

Тимот на САД треба да се врати дома заради консултации. Што точно значи ова за напорите за завршување на војната во Газа засега не е јасно.

САД, заедно со Катар и Египет, дејствуваат како медијатори меѓу Израел и Хамас, бидејќи двете завојувани страни не се во директна комуникација.