55 годишен Скопјанец се удавил во Охридското Езеро. Неговото безживотно тело било пронајдено на струшкото крајбрежје.
По преземените мерки и извршениот увид, како што информираа денеска од СВР Охрид, било констатирано дека станува збор за 55-годишен скопјанец со иницијали И.Д.
„Смрт без видливи траги на насилство констатирал лекар од Итна медицинска помош, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција“, се наведува во соопштението.
