Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Прилози

🎥 Премиерот најавува конкретни мерки – Македонија мора да биде држава во која ќе се раѓаат повеќе деца, младите ќе остануваат, а пензионерите ќе живеат достоинствено

Време е за држава во која ќе се раѓаат повеќе деца и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Време е за држава во која ќе се раѓаат повеќе деца и во која ќе се враќаат отселените порача – премиерот Христијан Мицкоски. Според него, Владата не ја премолчува демографската рецесија, туку креира политики за справување со проблемите. Една од позначајните мерки е зголемувањето на бројот на обиди за ин витро оплодување покриени од државата. Наместо досегашните три, од сега, Фондот за здравство ќе финансира шест обиди на семејствата кои се борат со неплодност.

„Мислам дека главен предизвик, за нас како држава во годините и децениите што следат е демографијата и демографската слика. Јас многу пати за тоа сум зборувал и ќе продолжам да зборувам, ќе бидам многу гласен, бидејќи за бадијала ни се и овој асфалт, и овие натпатници и потпатници, и паркови, сè што правиме, ако немаме дечиња коишто ќе ги користат. Ако немаме потомство коешто понатаму сето ова ќе го ужива и ќе додаде квалитет во нивниот живот. Ние можеме да реновираме безброј градинки и да направиме училишта, во рамките на нашите можности се разбира, но ако немаме дечиња коишто таму ќе бидат, тогаш ни е сето тоа залудно, изјави Мицкоски по пуштањето во употреба на булевар во Гевгелија“, изјави Христијан Мицкоски, премиерот на Македонија.

Владата со натчовечки напори ќе се бори и до иселувањето во странство на младите.Значајна мерка за нив е изгласувањето на законот каде што секој студент до 29 години ќе добие 250 евра за лаптоп или таблет. Премиерот вели дека главниот фокус во следниот период ќе бидат младите и подобрување на нивниот животен стандард.

Реклама

„И да вториот Закон е законот за студентите од сите универзитети во државата, на сите универзитети повторувам и редовни и вонредни, буквално сите ќе се стекнат со право да добијат ваучер, вредносен бон, во вредност од 15.000 денари, којшто ќе го искористат за набавка на електронски уреди, коишто понатаму ќе им послужат на нив во текот на студирањето“, изјави Христијан Мицкоски – премиер

Достоинството се враќа и на пензионерите уверува Мицкоски. Прв знак за тоа е зголемувањето на пензиите за само една година од 5 илјади денари. А со новите законски измени пензионерите на два пати ќе добијат по 1000 денари. Едното во септември сега, а другото во март наредната година.