Реклама

Реновираниот студентски дом „Кузман Јосифовски – Питу“ ќе биде отворен во јануари, од февруари сместување

„Јавачи на трагедии“: Во отсуство на идеи, СДСМ спасот го гледа во злоупотребата на народниот гнев

35 години Устав на Македонија: Кратка, но и повеќе од бурна историја- до сега менуван осум пати, сега под бугарски притисок за нови измени

Кравите од Крива Паланка стигнаа до НАТО: градоначалникот бара меѓународна помош

АНБ и БЈБ открија проиранска мрежа која обучувала македонски државјани за атентат во Грција

Правда за Сара: Остри реакции од политичките лидери и партии

МКЦ се враќа на старите патеки: Новото издание на МОТ почнува на 18 ноември

Од барање за 30 дена кризна состојба до 10-дневна магија: Како градоначалникот Митовски ќе ги собира кравите во Крива Паланка?

Димитриеска-Кочоска: Буџетот за 2027-ма носи раст и јавен долг под 60% од БДП

Алта банка официјално на продажба- прва јавна аукција по принципот „се или ништо“ на 30-ти ноември

Играње по бугарски ноти: Сметката за бегството стигна за наплата – Ива Михаилова претворена во медиумска алатка на Софија

Мора да има широка дебата: Нов Кривичен законик, нова шанса да се исправи катастрофата оставена од СДСМ и ДУИ

Свет

Средба Мерц – Макрон во Берлин, единство за главните прашања

Германскиот канцелар Фридрих Мерц и францускиот претседател Емануел Макрон на средбата во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Германскиот канцелар Фридрих Мерц и францускиот претседател Емануел Макрон на средбата во Берлин ја изразија својата решеност да одговорат со контрамерки на можните американски царини за стоките од ЕУ, доколку со тековните преговори не се успее да се постигне решение.

САД планираат да воведат царини од 30 проценти за стоките од ЕУ, почнувајќи од први август.

Преговорите со Унијата се во тек за да се спречи ова со трговски договор.

Реклама

Германија и Франција ќе се координираат тесно со Италија и Европската комисија во последната фаза од преговорите.

„Двете страни се согласуваат дека треба да го задржат правото да користат дополнителни инструменти за трговска политика доколку преговорите не успеат“, изјави портпаролот на германската влада, Штефан Корнелиус, по тричасовниот состанок во Берлин.

Според извори вклучени во преговорите, ЕУ и САД се приближуваат кон трговски договор што би вовел царини од 15 проценти за европскиот увоз, сличен на договорот што Доналд Трамп го склучи со Јапонија.