Реклама

Реновираниот студентски дом „Кузман Јосифовски – Питу“ ќе биде отворен во јануари, од февруари сместување

„Јавачи на трагедии“: Во отсуство на идеи, СДСМ спасот го гледа во злоупотребата на народниот гнев

35 години Устав на Македонија: Кратка, но и повеќе од бурна историја- до сега менуван осум пати, сега под бугарски притисок за нови измени

Кравите од Крива Паланка стигнаа до НАТО: градоначалникот бара меѓународна помош

АНБ и БЈБ открија проиранска мрежа која обучувала македонски државјани за атентат во Грција

Правда за Сара: Остри реакции од политичките лидери и партии

МКЦ се враќа на старите патеки: Новото издание на МОТ почнува на 18 ноември

Од барање за 30 дена кризна состојба до 10-дневна магија: Како градоначалникот Митовски ќе ги собира кравите во Крива Паланка?

Димитриеска-Кочоска: Буџетот за 2027-ма носи раст и јавен долг под 60% од БДП

Алта банка официјално на продажба- прва јавна аукција по принципот „се или ништо“ на 30-ти ноември

Играње по бугарски ноти: Сметката за бегството стигна за наплата – Ива Михаилова претворена во медиумска алатка на Софија

Мора да има широка дебата: Нов Кривичен законик, нова шанса да се исправи катастрофата оставена од СДСМ и ДУИ

Свет

Масовен глад се шири низ Газа, над 100 организации ги повикаа владите да реагираат

Специјалниот пратеник на претседателот Трамп, Виткоф, е во посета на Блискиот Исток.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Специјалниот пратеник на претседателот Трамп, Виткоф, е во посета на Блискиот Исток. САД се обидуваат да постигнат договор за 60-дневен прекин на огнот меѓу Израел и Хамас. Нападите во енклавата се засилени, а Светската здравствена организација соопшти дека израелските сили извршиле рација во нејзината главна резиденција на персоналот во Деир ал-Балах.

Генералниот секретар на Обединетите нации, Гутереш, предупреди дека гладот тропа на секоја врата во Газа, опишувајќи ја ситуацијата како ужасна. Повеќе од 100 хуманитарни организации и групи за човекови права апелираа до владите да преземат мерки, додека глад се шири во Газа.

Тие бараат итен и траен прекин на огнот и укинување на сите ограничувања за протокот на хуманитарна помош. Во соопштение потпишано од 111 организации се предупредува дека масовен глад се шири низ енклавата, додека тони храна, чиста вода, медицински материјали и други производи стојат надвор од Газа бидејќи на хуманитарните организации им е блокиран пристапот до нив и не можат да ги достават. Израел, кој ги контролира сите залихи што влегуваат во Газа, негира дека е одговорен за недостигот на храна.