Реклама

Кардиоваскуларните болести водечка причина за предвремена смртност во Македонија

Експерти од 15 земји на штипскиот универзитет: Вештачката интелигенција е алатка, но крајната одлука е на човекот

„Безбеден град“ и засилените контроли го намалуваат црниот биланс на патиштата

„Фронтот за спас“ удри по Филипче: Со него СДСМ нема никаква иднина, им се заканува изборна кланица

Мицкоски со серија средби во Њујорк: Европската интеграција, безбедноста и регионалната соработка во фокус

Димитриеска – Кочоска: Состојбите се следат, растот, инфлацијата и задолжувањата до крајот на годината согласно проекциите

Сиљановска-Давкова – Вајц: Билатералните прашања треба да бидат одвоени од процесот на пристапување кон Европската Унија

Мицкоски на панел-дискусија на високо ниво чиј домаќин бил финскиот претседател Стуб

Муцунски: Имаме постојани и цврсти односи со САД кои не препознаваат како клучен партнер

Средба Мицкоски-Пленковиќ во Њујорк, теми европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи и регионалната соработка

Во Њујорк ќе се слушне за фрустрациите на Македонците: Мицкоски ќе бара интервенција од Калас за спорот со Бугарија

Крај за злоупотребите на боледувањата – МВР и ФЗО најавуваат контроли

Прилози

🎥 На државна сметка се луксузирал по светот со партнерката – обвинение за Ване Цветанов

На државна сметка го патувал светот – јадел, пиел, престојувал во луксузни…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На државна сметка го патувал светот – јадел, пиел, престојувал во луксузни хотели, а неретко со себе ја носел и својата партнерка. Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе обвинение против Ване Цветанов – поранешниот претседател на Советот за унапредување и надзор на ревизијата. Обвинението го товари за злоупотреба на службена положба и овластување – со што, според обвинителството, го оштетил државниот буџет за околу 33.000 евра.

Притоа се потрошени: 1.062.963 денари за ресторански услуги, хотелско сместување во Скопје, безалкохолни пијалаци, кафе, тоалетни производи и сл. 300.350 денари за конференциски услуги што не биле реализирани, но се исплатени. 317.859 денари за такси и изнајмување на возила. 741.649 денари за хотелски и туристички услуги во земјава и странство (вклучувајќи пенали за откажување и промени на патување)“, велат од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

Во периодот од 2021 до март 2022 година, Цветанов без одлуки од Советот и без јавни набавки, самоволно трошел државни пари за лични потреби. Дополнително според обвинението, Советот иако немал потреба, Цветанов ангажирал правник да го обучува за менаџерски способности при што му исплатил речиси 5000 евра.

Реклама

Набавувал и дополнителен софтвер и ангажирал правни и физички лица без претходна одлука на надлежниот орган. Исплатени се речиси 2 милиони денари за различни консултации, авторски договори, логистика, ментори од странство и обуки што институцијата реално не ги барала“, велат од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. .

Обвинителството открива и друг детал – Цветанов, освен што ја шетал партнерката и исплаќал дневници за тоа бидејќи претходно ја ангажирал како советник во институцијата.

Обвинителството го товари Цветанов за спротивно постапување од на Законот за јавни набавки, Законот за спречување на корупција, Законот за ревизија и Законот за судир на интереси.