Реклама

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

40-от степен на термометрите нема да попушти, УХМР најавува локални невремиња, минимално заладување дури од сабота

СДСМ си го штити „талогот“: Играјќи на картата дека се деца, бранат луѓе со кривични досиеја

Прва посета на украинскиот претседател на Србија: Вучиќ му рече на Зеленски дека не е оптимист за патот кон ЕУ на Белград

Од климатските промени во Македонија најмногу страда земјоделството

25 години од трагичниот настан кај Карпалак во кој загинаа десетмина македонски бранители

Оризопроизводителите бараат системски решенија за поевтино производство

Гостивар се поблиску до безбедна вода, надежите се дека следната недела ќе може да се пие и готви

Прилози

🎥 Муцунски: Ние сме „македонски свет“, не прифаќаме критики од оние кои попуштале на сите барања

Декларација за стратешко партнество со Обединетото Кралство, договор за стратешко партнерство со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Декларација за стратешко партнество со Обединетото Кралство, договор за стратешко партнерство со Унгарија, средби на највисоко ниво во Соединетите Држави, бројни посети на европските метрополи. Низа дипломатски исчекори и придвижување кон западните сојузници.

Министерот за надворешни работи вели дека има бројни потврди дека оваа Влада води прозападни политики, па затоа обвинувањата од екс претседателот Пендаровски и опозицијата дека наводно сме станувале дел од таканаречен „српски свет“ биле целосно неосновани.

„Ние сме македонски свет и ги шириме интересите на нашата надворешна политика. Оваа влада во првата година потпиша договор за партнерство во одбраната и безбедноста со ЕУ, прва во регионот го направи тоа. Оваа Влада пред неколку дена, јас како министер за надворешни работи, потпиша Декларација за стратешко партнерство со Обединетото кралство. Потпишавме стратешко партнерство со Унгарија, и бев и сум единствениот министер за надворешни работи од Западен Балкан примен од државниот секретар Рубио во Стејт Департментот“, изјави Тимчо Муцунски, министерот за надворешни работи.

Реклама

Министерот со конкретни бројки – Стево Пендаровски за само пет години имал 9 средби со Александар Вучиќ, а идентична била и ситуацијата со поранешниот министер за надворешни работи Бујар Османи, кој за четири години остварил 11 билатерални средби со српските колеги. Според Муцунски и двајцата немале кредибилитет да критикуваат на оваа тема.

Прво ја слушнавме оваа теза од поранешниот претседател Пендаровски. На јавноста ќе ѝ биде интересно да дознае во текот на неговите пет години најмногу средби имал со Вучиќ дури девет пати, повеќе од со било кој друг од претседатели на држава било која земја во светот. Поранешните претседатели на Влади од СДСМ имале над 22 билатералнис средби во период од седум години со нивните колеги од Србија. Активен на оваа тема е и господинот Османи поранешниот министер за надворешни работи. кој во четири години имал 11 билатерални средби со неговите колеги од Србија“, изјави министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски.

Поранешниот претседател Пендаровски во интервју зборуваше за политиките на претходната влада на СДСМ и ДУИ и рече дека додека тие направиле исчекор во меѓуетничките односи, сега оваа Влада давала знаци за придвижување во таканаречен српски свет.

„Оваа политичка структура, која е последнава година на власт, дава очигледни знаци дека тој т.н. „српски свет“, или пошироко, „руски свет“, јас би го нарекол дури и регионално „унгарски свет“, воопшто не им е туѓ“, изјави поранешниот претседател Стево Пендаровски.

За Пендаровски не може во исто време да се зборува за европски вредности и воспоставување на специјални економски односи со Унгарија иако таа земја е една од поголемите и позначајни членки на Европската Унија. Екс претседателот тврди дека се форсирал само коридорот 10, а коридорот 8 бил запоставен иако веќе е договорено железичкото поврзување со Бугарија, изграден е експресен пат кон Крива Паланка, а се работи на автопатите кон Охрид и Ќафасан.