Реклама

Нова гасна артерија: Македонија и Србија се поврзуваат со нов гасовод

Поевтин училишен прибор – се пазари со попуст од 15 отсто

Делчево под засилен надзор по серијата пожари – видеокамери и дронови на критичните места

Западнонилската треска се шири во регионот, Грција регистрира 232 случаи

Пет пожари и натаму активни, најкритично е кај Копаница

Мицскоски се срами од незнаењето и лагите на СДСМ околу дата-центрите, се преговара со инвеститори

Прилепска трагедија: Поради пожарите и невремето градот на тутунот може да остане без тутун

Кавги, поделеност, ужасно низок рејтинг: Филипче бега од избори како ѓавол од темјан, го чека катастрофален пораз и крај за него

Десет километри, пет тунели и девет мостови – по децении конечно почна изградбата на автопатот Скопје–Блаце

Нов судир во врвот на СДСМ: Ковачевски и Филипче на различни страни за Дата-центрите

Да си против дата центрите е исто како да си против изградбата на хидроцентралите пред 100 години

Јанчев: Пожарот на депонијата „Мелци“ е напад врз градот има индиции дека е подметнат

Македонија

Мицевски: Пред нас е договор кој е особена важност за нашата економија, која ќе добие нова енергија, капитал и технологии

Денес пред нас е исклучително значаен документ, Предлог-закон за ратификација на Договорот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Денес пред нас е исклучително значаен документ, Предлог-закон за ратификација на Договорот за стратешка соработка помеѓу Македонија и Унгарија. Овој договор не е обичен акт на меѓународна соработка. Тој е јасна порака на Македонија дека гради стабилни, долгорочни, доверливи партнерства со вистински пријатели, во време кога ни се потребни вистински партнери повеќе од било кога. Ова е втор стратешки договор што оваа власт го склучува во првата година од мандатот, изјави пратеникот Никола Мицевски.

„Овој договор треба да се поздрави како чекор во вистинска насока, насока на конкретна надворешна политика, продуктивна економска дипломатија и визионерска посветеност кон иднината на државата.

Со овој договор се воспоставува формално стратешко партнерство помеѓу Македонија и Унгарија, земја членка на Европската Унија и НАТО, со која имаме децениско пријателство и стабилни политички односи. Таквото партнерство, ќе овозможи унапредување на соработката во многу важни сфери: инфраструктура, енергетика, транспорт, информатичката технологија, сајбер безбедност, и одбрана. Овие области се двигател на секој сериозен развој и гаранција за економска и безбедносна стабилност, што е од особено значење во моменталната геополитичка состојба во Европа.

Реклама

Договорот нуди нови можности за домашната економија, преку активно вклучување на македонскиот приватен сектор и внесување на странски инвеститори во реализацијата на стратешките проекти. Ова е особено важно што нашата економија има потреба од нова енергија, капитал и технологии.

Македонија со овој договор, се обврзува да ги олесни административните и законодавни бариери за имплементација на стратешките проекти. Ова е силен сигнал дека се насочуваме кон ефикасна држава, која не е сопствена сопирачка туку двигател на развојот.

Овој договор доаѓа во време кога Унгарија, е еден од најгласните и најдоследни поддржувачи на нашите европски интеграции. Во време на политичката несигурност и отворените кочење на нашето европско досие, поддршката од земја како Унгарија е од круцијално значење. Ова партнерство е мост кон европското семејство, а не декларација без содржина.

И конечно, дозволете ми да нагласам, дека за ВМРО-ДПМНЕ, стратешките сојузништва не се дневнополитичка реторика, туку темел на стабилна и суверена државност. Поддршката од Унгарија е доказ дека сме способни да градиме пријателства кои што носат резултати, проекти, инвестиции, работни места и побрза економска интеграција“, потенцирше Мицевски.

-Да не дозволиме овој договор да биде сведок на партиски поделби, туку на единство кога се работи за националниот интерес. Ве повикувам сите да го поддржиме овој договор и заеднички да ја отвориме новата етапа на македонско-унгарската стратешка соработка со визија, со резултати и со достоинство, додаде во изјавата Мицевски.