Реклама

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Николоски: Го разбирам незадоволството на превозниците, се обидуваме да им олесниме преку билатералните договори

Николоски: Се бара алтернативна траса за автопатот Ќафасан–Требеништа, Кичево–Охрид готов до 2027

Се сумираат пријавите од невремето во Скопје, следува обештетување

231 документ, копирани и сместени во осум кутии и седум сведоци: Артан Груби конечно седна на обвинителна клупа

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Хаос на струшкото крајбрежје: Плажите десет години работат на диво, општината губи милионски суми

Македонија

Вицепремиерот Изет Меџити ја посети Медресата „Иса Бег“ во Скопје

Вицепремиерот на Владата на Македонија, Изет Меџити, во придружба на лидерите на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Вицепремиерот на Владата на Македонија, Изет Меџити, во придружба на лидерите на коалицијата ВРЕДИ, Билал Касами и Зеќирија Ибрахими, како и заменик-министерот за образование и наука, Љуљзим Алиу, ја посети Медресата „Иса Бег“ во Скопје, два дена по усвојувањето од страна на Владата на Законот за Медресата „Иса Бег“. Со оваа историска одлука, по повеќе од четири децении, ова верско средно училиште е формално вклучено во образовниот систем на Македонија.

Владината делегација беше пречекана од директорот на Медресата, Ислам Ислами, поглаварот на Исламската верска заедница, Шаќир ефенди Фетаху, и скопскиот муфтија, Ќенан Исмаили.

„Дојдовме тука за да констатираме и потврдиме дека се отстранува една неправда и дискриминација од минатото“, изјави заменик-премиерот Меџити. „Од сега, Медресата ‘Иса Бег’ ќе се третира еднакво како и секое друго училиште. Години наназад немавме одговор зошто дипломите на учениците што ја завршуваа оваа медреса не беа признати и зошто тие не можеа да се запишат на факултет. Со овој закон, таа неправда се отстранува. Раководството на медресата од сега ќе се фокусира на квалитетот на наставата и условите, бидејќи правните прашања се веќе решени. Сме во координација со претседателот на Собранието, г. Африм Гаши, овој закон да се стави во приоритет пред одморот или од септември, за медресата да функционира легално и да придонесе за зголемување на интересот и квалитетот,“ нагласи Меџити.

Реклама

Поглаварот на ИВЗ, Шаќир ефенди Фетаху, оцени дека законот претставува круна на повеќе од 40-годишни напори.

„Сега медресата и нејзините ученици се изедначени со сите ученици од другите средни училишта во државата. Со усвојувањето на овој закон, се очекува значително зголемување на интересот за следење на наставата во ова училиште низ целата територија на Македонија. Сите млади кои ќе одлучат да се школуваат во Медресата ‘Иса Бег’ сега имаат сигурност дека ќе можат да ги продолжат студиите на универзитети дома и во странство,“ рече тој.

Зеќирија Ибрахими објасни дека законот ќе има и ретроактивно дејство за поранешните генерации.

„И учениците што ја имаат завршено медресата претходно ќе имаат можност да ги полагаат дополнителните предмети што не биле дел од претходниот наставен план, а потоа да полагаат државна матура и да се запишат на универзитет,“ рече Ибрахими.

Посетата на медресата и објавувањето на веста дека ова верско средно училиште конечно ќе биде официјално признато, претставува значаен чекор кон образовна еднаквост и институционална интеграција на верското образование во државниот систем, со што се остварува едно одамна ускратено право.