Реклама

Нова гасна артерија: Македонија и Србија се поврзуваат со нов гасовод

Поевтин училишен прибор – се пазари со попуст од 15 отсто

Делчево под засилен надзор по серијата пожари – видеокамери и дронови на критичните места

Западнонилската треска се шири во регионот, Грција регистрира 232 случаи

Пет пожари и натаму активни, најкритично е кај Копаница

Мицскоски се срами од незнаењето и лагите на СДСМ околу дата-центрите, се преговара со инвеститори

Прилепска трагедија: Поради пожарите и невремето градот на тутунот може да остане без тутун

Кавги, поделеност, ужасно низок рејтинг: Филипче бега од избори како ѓавол од темјан, го чека катастрофален пораз и крај за него

Десет километри, пет тунели и девет мостови – по децении конечно почна изградбата на автопатот Скопје–Блаце

Нов судир во врвот на СДСМ: Ковачевски и Филипче на различни страни за Дата-центрите

Да си против дата центрите е исто како да си против изградбата на хидроцентралите пред 100 години

Јанчев: Пожарот на депонијата „Мелци“ е напад врз градот има индиции дека е подметнат

Прилози

🎥 Штекли бил дезориентиран – судењето за трговија со дрога одложено

Судењето за Раде Трајковски – Штекли и неговите соработници за неовластена трговија…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Судењето за Раде Трајковски – Штекли и неговите соработници за неовластена трговија со дрога се одложи. Причината е што првообвинетиот Штекли имал здравствени проблеми. При прегледот во затворот Скопје утринава бил неконтактибилен и дезориентиран, по што му е даден специјалистички упат за преглед на Неврологија. Сличен напад имал и вчера.

Судијата Илија Трпков првин го одложи судењето околу еден час за да се обезбеди присуство на обвинетиот. Потоа информира дека Штекли се уште не бил однесен на државната клиника, бидејќи мора да има наредба за полициcка асистенција при спроведување на обвинетиот, кој е од висок ризик.

Одбраната на Штекли претходно доставила психијатриско вештачење дека тој не е психички способен да ги следи рочиштата. Сега обвинителството побара од судот психијатри да го посетат во притвор и да направат ново вештачење.

Реклама

Во судница беа спроведени дел од неговите соработници, од ефективен и куќен притвор. Седум од групата на Штекли се спогодија со обвинителството за затворски казни од 3 до 5 години. Обвинителството гони 10 членови заедно со него како глава на групата, за продажба на дрога во Скопје и на интернет, најчесто во кафуле во Аеродром без за тоа да знае сопственикот.  Наредното рочиште е закажано за 7 август.