Реклама

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Николоски: Го разбирам незадоволството на превозниците, се обидуваме да им олесниме преку билатералните договори

Николоски: Се бара алтернативна траса за автопатот Ќафасан–Требеништа, Кичево–Охрид готов до 2027

Се сумираат пријавите од невремето во Скопје, следува обештетување

231 документ, копирани и сместени во осум кутии и седум сведоци: Артан Груби конечно седна на обвинителна клупа

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Македонија

Жителите на населба Водно во Скопје веќе втора недела како немаат вода за пиење

Почнувајќи од минатата недела, поточно 6ти Јули 2025, недела, во населба Водно…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Почнувајќи од минатата недела, поточно 6ти Јули 2025, недела, во населба Водно нема вода за пиење во најголемиот дел од денот и ноќта. На барање на станарите, се оствари средба со Градоначалникот на Општина Центар, во вторникот на 8ми Јули 2025, кога тој дојде во посета на населбата каде загрижените граѓани беа собрани ноќта да го изразат своето незадоволство.

Тој и претставниците на Општината, рекоа дека водоснабдувањето НЕ е во нивна надлежност, туку е во надлежност на Градоначалникот на Град Скопје и така се заврши со неуспех целата средба.

„И денес, четврток, 17ти Јули, вода на Водно нема. Се радуваме на мал притисок во раните утрински часови, тоа трае неколку саати, и се бањаме и тушираме во 3 сабајле, затоа што тогаш само има малку вода. Полниме кофи со вода тогаш кога малку вода доаѓа, за преку ден да можеме да одиме до тоалет, среќа можеме да си приуштиме да купуваме вода за пиење во шишиња, но и тоа неможе да е до недоглед. Машина за перење е луксуз кој никој неможе да си го дозволи, пошто таман си ја пуштил машината, снемало вода, а неможеш ни на рака да испереш. Готвење нема, пошто неможеш да измиеш кујната и садевите, па сите сме на принудна диета. Одиме по роднини низ Скопје или околината, кој како се снашол, да се избањаме преку ден, пошто е многу топло, ова бањањево во 3 сабајле не држи цел ден, башка што може и во 3 сабајле да нема вода. Чистење по дома е незамисливо, дека нема нели со што, неможе со средство да се чисти само, треба и со вода да се помине. Така да хигиената кај сите е на најниско ниво, кој како се снаоѓа ама незнаеме до кога, па кај и да е ќе почнат бубачки и глувци да ни шетаат по зградиве и на улици.
Секоја вечер има цистерна на Водовод и Канализација пред Соравија комплексот, скришно стои, пошто им е страв дека незадоволните граѓани нив ќе им го истурат бесот, и на прашање кога ќе ни дојде вода, креваат раменици, и викаат незнам што да ви кажам. Цистерната е со техничка вода за одење во тоалет, комшиите со канчиња и кофи вода, полнат ако ја видат цистерната.
Имаме информации дека никој не е запознаен со ова, па затоа решивме да споделиме за да знае јавноста а можеби и некоја институција да се јави и да ни помогне околу решавање на проблемот: како во населба Водно да има вода во 21 век, во сред лето, кога температурите качуваат и 40 степени.