Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Прилози

🎥 Дваесетина луѓе уапсени за пожарите во Македонија, полицијата се сомнева дека се организирана група

Над дваесетина лица се уапсени поради сомнение дека намерно ги предизвикувале пожарите…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Над дваесетина лица се уапсени поради сомнение дека намерно ги предизвикувале пожарите што летово беснеат низ Македонија. Дел од нив,  се во куќен, дел во ефективен притвор, а дел пак, се пуштени на слобода бидејќи се малолетници. Министерот Тошковски, споделувајќи ги опвие информации,  рече и дека постојат докази за организирана група која намерно потпалувала пожари околу витални објекти, од значење за државата.

„Оние кои што беа пиромани и кои индивидуално постапуваа во рамки на палење на пожари ги фативме. Не сите, но фативме добар дел од нив. Но, оние кои што организирано, особено првиот ден кога настанаа огромен број пожари околу Скопје и имаше многу симптоматична и временска и подрачна појава на пожарите околу витални објекти од значење на државата, во однос на тие пожари имаме основани сомненија дека станува збор за организирана група која што ќе видиме понатаму која и била целта“, изјави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

Според Тошковски Владата навреме презема мерки и донесе наредба за забрана за движење во шуми и тоа ги дало посакуваните ефекти –  без разлика, што, како што рече, ова лето е можеби најжешко.

Реклама

„Мислам дека одговорот што го имаме е далеку поразличен од тоа што државата го имала како одговор во минатото и тоа е видливо на терен. Видливо на терен е од аспект на сили кои што ги имаме, од аспект на механизација и дејствија што ги презема Владата, навреме донесе забрана за движење во шуми и сето тоа дава резултат за разлика од претходно“, изјави министерот Панче Тошковски.

Претходно и премиерот Мицкоски ги коментираше наводите дека функционер на ДУИ е вклучен во подметнувањето на пожарите и дека постојат основани сомненија дека пожарот во Визбегово е организирана акција. Од МВР апелираат за внимателност и пријава на секое сомнително однесување. Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) информираа дека денеска се евидентирани вкупно пет пожари на отворен простор во државата. Од нив, три се активни, еден е ставен под контрола, а еден е целосно изгаснат.