Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Прилози

🎥 Кајмакот секогаш го собираат победниците: Граѓаните и фирмите главно донираат пари на тој што веќе ги добил изборите

Четири политички партии останале без буџетските пари кои им следуваат од последните…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Четири политички партии останале без буџетските пари кои им следуваат од последните избори затоа што се уште не поднеле финансиски извештај каде трошеле, што е законска обрска. Сите останати, преку 60-на, ги испочитувале роковите и обврските на последните парламентарни и претседателски избори и веќе го наплатиле својот дел. Ова го покажа извештајот на Државниот завод за ревизија за 2024 година.

„Нема поголеми прекршувања во делот на претседателските и парламентарните избори. Клучната костатација на ДЗР е констатацијата дека 77% од платеното политичко рекламирање за претседателските избори се финансира од буџетот на државата преку ДИК, додека за парламентарните избори некаде околу 67%“, изјави Максим Ацевски, главниот државен ревизор.

Законски е дозволено правни и физички лица да донираат и по завршувањето на изборите. Но, токму тоа, според Државниот завод за ревизија, ја нарушува рамноправноста – бидејќи парите најчесто завршуваат кај победниците.

Реклама

„Остануваат и понатаму состојби кои треба да се надминат во делот на системските слабости, а тоа е во делот на уредување на начинот на уплата на донации по завршување и објавување на конечните резултати од спроведените избори, бидејќи знаете нашето законодавство дозволува по извесен период по објавувањето на конечните резултати одредени правни и физички лица да уплатуваат донации, а секако дека кога веќе ќе се знаат резултатите тогаш останува можност секој оној кој е заинтересиран да уплати ќе уплати на победникот, а не на сите подеднакво“, изјави Максим Ацевски, главниот државен ревизор.

Амбасадорката на Швајцарија, Вероник Хулман, оцени дека клучно за демократски и фер избори, при менувањето на изборниот законик, е да бидат земени во предвид заклучоците од Државниот Завод за ревизија, но и да се почитуваат препораките од Венецијанската комисија.

Со 88 извршени ревизии и 132 објавени извештаи, главниот државен ревизор Ацевски, ја оцени минатата година како период на зголемена транспарентност и одговорност. Сепак според него, останале старите проблеми – финансирањето на изборните кампањи и донациите што пристигнуваат по изборите.