Реклама

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

34 години Армија: од традицијата на борците до рамноправен член на НАТО

Се подготвува нова стратегија – повеќе туристи што ќе останат подолго и ќе трошат повеќе

Западно-нилската треска не стивнува: трет смртен случај, шест пациенти на респиратор

„Купуваме македонско“ – граѓаните сѐ почесто избираат домашни производи

Жална состојба на некогаш големата партија: Филипче на одмор, СДСМ само засилува со „празни муабети“

Домашното производство освојува странски пазари: Храната може да биде нов мотор на извозот

Сипаниците го пустошат македонското овчарство, обезбедени половина милион вакцини

Аналитичари: ДУИ не знае да биде опозиција – наместо план и програма нуди блокади и национализам

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Економија

Денеска средба Мицкоски – Дурмиши, тема мерки за ограничување на маржите

Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе има средба со министерот за економија и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе има средба со министерот за економија и труд Бесар Дурмиши со која ќе разговараат што треба да се преземе во однос на цените или ограничувањето на маржите. На средбата ќе стане збор и за одржување на седница на ЕСС, со оглед на тоа што, според неговите информации, веќе е завршено утврдувањето на репрезентативноста на синдикатите.

-Немам информации дека се при крај мерките за кошничката или ограничување на маржите. По овој настан имам состанок со министерот за економија и труд со кој ќе разговараме за тоа што е она кое треба да го преземеме во периодот што следи соодветно на анализте кои ги направивме, рече Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање дали се при крај мерки за кошнишка од типот на есенската или новогодишната кои беа претходно донесени.

Во врска со одржувањето на седница на Економско-социјалниот совет премиерот вели дека има сознанија оти е завршено определувањето на репрезентативноста на синдикатите и дека нема пречки таква седница да се одржи и покрај тоа што е период на годишни одмори.

Реклама

-Што се однесува до ЕСС мислам дека Комисијата што треба да ја утврди репрезентативноста на синдикатите ја заврши својата работа. Доколку е тоа така денеска, а и за тоа ќе разговараме со министерот,, тогаш не гледам причини и покрај тоа што се одмори да не одржиме состанок. Мислам дека до крајот намесецот ако е завршена процедурата да се одржи состанок на ЕСС, истакна премиерот во одговор на прашање на настанот на Царинската управа „Една година резултати“.