Реклама

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

Прилози

🎥 ДУИ отвара нов фронт, сега и Охридско лето им пречи, немало албански музичари

На Ахмeти и ДУИ почна да им пречи и Охридско лето. Им…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На Ахмeти и ДУИ почна да им пречи и Охридско лето. Им сметало што на овој меѓународен фестивал, со 65- годишна традиција немало доволно Албанци. И покрај тоа што на отварањето на фестивалот, единствен висок гостин од странска држава, беше претседателот на Албанија, тоа за нив било иронично, и не било доволно за да организаторите размислат за вклучување на албанскиот јазик и култура во програмата. Иако секоја година, па така и оваа на фестивалот гостуваат и го отвараат уметници од странство, интегративците на Ахмети токму сега најдоа ново бојно поле за да вршат политички притисоци. Негодуваат зошто  немало моменти од албанската култура, ниту уметници Албанци, во официјалната програма.

Официјалната програма на „Охридско лето“ вклучува концерти, театарски претстави и специјални вечери посветени на европските култури, но нема ниту една музичка, театарска или изложбена активност која го претставува богатото албанско културно наследство. Овој културен молк е сам по себе порака за исклучување и доказ дека односот кон албанската култура во државните институции е маргинализирачка, а не претставничка“, соопштуваат од ДУИ.

Инаку, фестивалот никогаш не го отварале уметници од Македонија, па така и оваа година официјалното отварање започна со настап на американската пијанистка Клер Хуангчи, диригентот Едвин Аутвотер од САД и оркестарот на Македонската филхармонија. И не е само отварањето, и не е само оваа година. На фестивалот ќе има австриска, италијанска, чешка, грчка, хрватска ихоландска вечер, а актери ни доаѓаат од Турција, Германија и Полска. Лани, фестивалот го овори дигирент од Ерусалим, а програмата беше исто така интернационална.  

Реклама

Но тоа не го спречува ДУИ да ги повикуваат Владата, Министерството за култура и раководството на фестивалот да дадат одговори, а истовремено да сносат одговорност зошто албанската заедница, ете според нив, не била претставена на Охридско лето.

Истовремено нејасно е зошто кога ДУИ беа на власт немаше никаква културна соработка ниту повик за македонски уметници да настапуваат на албански културни манифестации коишто се организираа во Македонија и Албанија.