Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Прилози

Македонец е новиот потретседател на младите европски десничари: Тодор Конески за Алфа по изборот во европската младина

Македонец е новиот потпретседател на европската десница. Тодор Конески е избран за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонец е новиот потпретседател на европската десница. Тодор Конески е избран за втор човек во младинската организација на Европската н0ародна партија. Тој за Алфа вели дека ова е историски исчекор за државава и доказ дека Европа ги почитува политиките на младите од Македонија.

-Ова е на некој начин историско достигнување за Унијата на млади сили, поради фактот што прв пат во нашето постоење имаме ваква позиција. Полноправни членки сме на младината на Европската народна партија од 2012-тата година, а пред тоа многу години како набљудувачи и како гости присуствуваме на нивните настани. Ова е труд мој, плод мој, а и на претходни генерации во рамки на организацијата, вели Конески

Според Конески овае  успех на ВМРО- ДПМНЕ како партија, но пред се на Унијата на млади сили, организација која има најголема почит во европските држави.

Реклама

Од една страна се валоризира нашиот труд како организација и целата наша посветеност во рамки на организацијата изминативе години, а од друга страна ова за мене претставува еден сигнал од страна на младината на Европската народна партија, а и самата Европска Унија дека веруваат во нас и во нас гледаат потенцијал за иднината, вели Конески.

Покрај Конески, од младинската организација на ВМРО-ДПМЕ има уште еден потпретседател во европски рамки. Дамјан Коњановски е втор човек во европската студенска младина. Според Конески, тоа е само доказ дека Македонија станува фактор во меѓународни рамки.

-Со оглед на фактот дека прв пат во нашата историја сме како УМС застапени на двете полиња, нашите следни амбиции се активно да ја преставуваме Македонија во рамите на овие организации, да лобираме за нашите интереси и секако да бидеме горди и достоинствени претставници на Македонија, во други зборови да ја преставиме Македонија како што треба, вели Конески.

Честитки до Конески упати и премиерот Христијан Мицкоски.

-Тодор Конески од УМС на ВМРО-ДПМНЕ денес е избран за потпретседател на YEPP, младината на Европската народна партија (EPP). Тодор честитки за изборот и ја имаш поддршката да се бориш за интересите на младите и знам дека достојно ќе ја претставуваш нашата партија и Македонија, порача Мицкоски.

Инаку, Конески е и меѓународен скретар на УМС, а според познавачите неговиот избор во младината на европските десничари е голема победа за Македонија и доказ дека нашиот глас се слуша во европски рамки.

Матеја Петровски