Реклама

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Хаос на струшкото крајбрежје: Плажите десет години работат на диво, општината губи милионски суми

Аларм за безбедноста на храната, пеколот го скратува рокот на храната – АХВ ги засили контролите

Уште една, 5-та жртва од Западен Нил во Македонија, вирусот драматично се шири низ Европа

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Македонија

Превентивна активност на СВР Скопје за заштита од пожари и бесправна сеча

Вчера 0дделението за превенција при СВР Скопје во соработка со ЈП „Национални…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Вчера 0дделението за превенција при СВР Скопје во соработка со ЈП „Национални шуми“ и Шумската полиција, на подрачјата на ПО Сарај, поточно во рекреативниот центар Матка, спроведе превентивна активност во рамки на кампањата за спречување на шумските пожари и бесправната сеча на дрва.

Притоа, во рамки на активноста, во разговор со посетителите беше потенцирано дека е потребна континуирана соработка со надлежните институции и задолжително пријавување на несовесно однесување, како што фрлање и палење на ѓубре, палење оган на отворен простор или во близина на шумски појаси, фрлање на отпушоци и слично, со цел брза и навремена реакција на институциите.

Исто така беше нагласено дека во летниот период и зголемените температури, расте и опасноста од предизвикување на пожари од невнимание. Затоа, беше посочена потребата од заштита и намалување на ризикот од настанување на шумски пожари и пожари на отворен простор. Посетителите беа информирани и за законските одредби и санкции особено во поглед на законскaта регулатива која го опфаќа делото пожар, односно „предизвикување општа опасност“, регулирано во Кривичниот законик на РСМ по член 288, со што се предвидува казна затвор од 6 месеци до 5 години.

Реклама

Целта на оваа активност беше да се зголеми безбедносната култура, но и да се зајакне довербата и соработката меѓу полицијата и граѓаните. Воедно, на посетителите им беа делени и информативни летоци изработени од ЈП „Национални шуми“.

Целата објава може да ја проследите на следниот линк: