Реклама

Психолози за Алфа: Важно е разводот на децата да им се објасни како „нов начин на функционирање“

Пример и за државите од Европската Унија: Македонија меѓу земјите кои најмногу ги почитуваат човековите права

Градски воз, електрични автобуси- граѓаните задоволни што се решава проблемот со јавниот превоз

25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, ДУИ не се појавија на одбележувањето

Втора шанса за матурантите: Успаните, препишувачите и оние кои беа фатени со мобилен денеска полагаа државна матура

Прв починат од Западно-нилска треска, прогласена епидемија во општините каде има зарезени

МВР им влезе во трага на крадците на транформатори од Железници

Судење за пожарот во „Пулс“: Објектот нелегално бил пренаменет во дискотека

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Македонија

Семејна трагедија во Прилеп – вујко убил татко и син, па си го одзел животот

Тешка трагедија ја потресе синоќа Прилеп – две лица, татко и малолетен…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Тешка трагедија ја потресе синоќа Прилеп – две лица, татко и малолетен син, се убиени, а сторителот на двојното убиство извршил самоубиство. Според првичните информации од истрагата, мотивот е семејна расправија поврзана со имотни недоразбирања.

Како што соопшти јавниот обвинител Стевчо Биноски, 63-годишен прилепчанец, во својата куќа на улицата „Стеван Апостолоски“, прво ги застрелал својот 43-годишен внук од сестра и неговиот 12-годишен син, а потоа си го одзел животот.

– Таткото и детето дошле во домот на вујкото околу 15 до 16 часот. Според досегашните сознанија, вујкото претходно му ја препишал куќата на внукот. Не е познато што се случувало во часовите потоа, но околу 22 часот соседите пријавиле пукање, рече обвинителот Биноски.

Реклама

Загрижена од долгото отсуство на сопругот и детето, сопругата на убиениот пријавила случај во полиција. Екипата на МВР пристигнала на местото околу 22 часот, но при обид да влезе во куќата, напаѓачот активирал рачна бомба која делумно експлодирала – без да предизвика повреди.

Полицијата ја ангажирала специјалната единица „Тигар“, која нешто по полноќ влегла во куќата и го пронашла телата на тројцата мртви.

– Наредена е обдукција на телата. Станува збор за тешка семејна трагедија која остави шок и неверување кај прилепчани, изјави обвинителот Биноски.

Истрагата продолжува, а МВР работи на расветлување на сите околности поврзани со трагичниот настан.