Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Присуството на Филипче во Кочани и зборувањето за семејствата на жртвите е еден од најлицемерните и најшизофрени чинови во македонската политика воопшто

Присуството на Филипче во Кочани и зборувањето за семејствата на жртвите и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Присуството на Филипче во Кочани и зборувањето за семејствата на жртвите и повредените и нивната финансиска помош и состојба е еден од најлицемерните и најшизофрени чинови во македонската политика воопшто, коментираат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Човекот кој заради криминал ја презема модуларната и наместо друго министерство тој распиша тендер кој го доби Кочо Анѓушев потпретседателот на таа влада, за потоа да изгорат живи луѓе пациенти во таа болница, сега се дрзнува да соли памет и да глуми лажен душегрижник на сметка на трагедијата која е незапаметена и не потресе фундаментално сите како граѓани на државата. Ние имаме предлог до Филипче, нека даде 10 посто од парите кои тој, Зоран Заев, Вице Заев, Спасовски, Зечевиќ, Ковачевски, Груби, Ахмети, Бектеши, Пуцко, и другите знајни и незнајни јунаци на легендарната генерација на лопови од СДС и ДУИ и не само Кочани туку и цела Македонија ќе живее среќно и сите потреби на граѓаните ќе бидат задоволени. Не е за џабе што таа генерација на власт ја споредуваат со легендарната кошаркарска на Чикаго Булс на Џордан, Пипен, Родман и другите. Тоа што тие успеаа како кошаркари да го направат толку титули и освоени првенства во НБА, така и овие успеаја да соберат сѐ живо од државата и оправдано ја добија титулата легендарна најлоповска генерација во историјата на државата, велат од владејачката партија.