Реклама

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Крушево ја добива долгоочекуваната обиколница, поголема безбедност во сообраќајот и нов поттик за туризмот

Стручното образование станува попривлечно за младите, но се уште не ги задоволува потребите на стопанството

Историска резолуција за Македонците во Албанија, но и револт во Пустец поради бугарските медицинск

Најскапи горива во ЕУ во последните две децении, владините мерки ги дрѓат под контрола цените во Македонија

Инспекторите на терен: Мерката „Училишната кошничка“ генерално се почитува

Прилепските средношколци претвораат отпад во био-храна и природни ѓубрива

Штип ги собира придобивките од Пастрмалијадата – полн град, полни капацитети и поттик за локалната економија

Стратешко партнерство со САД: Мицкоски од Вашингтон најави инвестиции

Мицкоски: Дата центрите се иднината, најсовремените се со воздушно ладење, жалам што постојат сили кои сакаат да не вратат во 19 век

Мицкоски: САД и администрацијата на Трамп ја гледаат Македонија како близок пријател

Прилози

🎥 Различни се само оружјата: Бугарската агресија кон Македонија е иста како руската кон Украина

Бугарската агресија кон Македонија е иста како руската агресија кон Украина. Оружјата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Бугарската агресија кон Македонија е иста како руската агресија кон Украина. Оружјата се различни, едното е огнено, другото членство во Европската Унија. Она што Москва му го прави на Киев, не се разликува многу од она што Софија му го прави на Скопје. Злоупотребувајќи го фактот дека се членка на ЕУ, секојдневно се обидуваат да ја уценуваат, навредуваат, негираат македонската нација. Премиерот Христијан Мицкоски вели дека она што го прават Бугарите најмалку наликува на една европска држава во 21-от век. 

-Во суштина светот и Европа виде која беше целта на бугарските политичари, целта на бугарските политчари во ништо не се разликува од онаа цел која што ја има руското раководство во Украина, а тоа е обид за асимилација на македонскиот народ и еден вид идетнтитески инженеринг, кој што навистина најмалку треба да се случува во 21-от век во Европа и тоа од земја членка на ЕУ, која што треба да споделува европски вредности, изјави Мицкоски.

Години наназад попустливоста кон Софија беше заштитен знак на македонската дипломатија, но тоа се промени и им пречи на Бугарите- според Мицкоски, добро е што Европа конечно гледа која е политиката на Бугарија во однос на Македонија, дека уставните измени не им се единствената цел, туку целта е целосно негирање на македонската нација.

Реклама

-Наместо да не поддржуваат во патот кон полноправно членство што впрочем е и дел од Договорот за добрососедство, тие гледате имаат поинаква цел. И добро е што сите успеаја да видат и добро е што сите сега знаат која е крајната цел, дека не се неколку стотини македонски граѓани да бидат дел од Уставот, туку таа е многу подлабока и поопасна и за самата Европа и на тој начин. И на тој начин и Европската Унија го губи својот имиџ и не знам до кога ќе има трпение со ваквото однесување на нашиот источен сосед, изјави Мицкоски.

Пред само два дена шефот на бугарската дипломатија македонскиот премиер го нарече северномакедонски. Поради тоа Министерството за надворешни работи и надворешна трговија му врачи протестна нота на бугарскиот амбасадор, најостро ги осуди навредливите збориви и побара извинување од Софија.

Матеја Петровски