Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Прилози

📹 Пожарите стивнуваат – гори во Куманово, Старо Нагоричане, Дојран и Чашка

Речиси сите пожари се ставени под контрола. Активни се четири огнени стихии…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Речиси сите пожари се ставени под контрола. Активни се четири огнени стихии на територијата на Македонија, под контрола се шест пожари, локализирани и изгаснати се четири, информираат од Центарот за управување со кризи. Сè уште гори во Чучер Сандево, Николич, под Солунска глава, помеѓу местата викани Изворите на Бабуна и Бабина дупка, нема активен пламен, има само чад во карпестиот дел, пламени јазици има во околината на Куманово гори ниска вегетација.

Од ЦУК алармираат дека Куманово и централна Македонија се под најголем ризик од пожари.Од таму појаснуваат дека горливите точки се автоматски детектирани преку сателитски сензори  и укажуваат на потенцијални активни пожари или извори на топлина на територијата на државата.

По пожарите – зачестија и пријавите за потпалувачите. Седуммина се приведени за предизвикување општа опасност за неколку дена од избувнувањето на големите пожари во околината на Скопје, но и во останатите делови на Македонија. Вчера е приведен 74-годишен жител на Мала Речица, кој на својата нива во Тетово, вршејќи земјоделски работи, на неколку места на нивата запалил сува трева и отпадоци. Огнот на нивата бил изгаснат од страна на противпожарната единица Тетово,  а против тетовецот ќе биде поднесена кривична пријава за предизвикување општа опасност. Претходно беа уапсени двајца коишто полициска патрола ги фатила како палат кабли во близина на сува трева и дива депонија меѓу скопските села Кадино и Миладиновци, со што е предизвикан мал пожар. Со брза реакција пожарот е изгаснат.

Реклама

Во полиција завршија и тројца малолетници, странски државјани, во близина на месноста Ајватовски рид кај населбата Илинден во рамки на засилените полициски активности во врска со пожарите во Скопскиот Регион.