Реклама

Демографски аларм: Сè помалку ученици и студенти во Македонија

Со оптимизацијата, во Прилеп нема да биде затворено ниту едно училиште и сите наставници остануваат на работа

Берово преполно за Голема Богородица: Премиерот Мицкоски најави нови законски решенија и државна поддршка за развој на туризмот

Вештачка интелигенција наместо марихуана: Мицкоски порача дека Владата нема да се откаже од изградбата на национален дата-центар

Критикуваат секој ден, а бегаат од избори: СДСМ стравува од соочување со народот

Верниците ширум Македонија го слават големиот христијански празник „Успение на Пресвета Богородица“

Владата на Мицкоски со резултати кои го надминуваат 7-годишниот мандат на СДСМ и ДУИ

Нова гасна артерија: Македонија и Србија се поврзуваат со нов гасовод

Поевтин училишен прибор – се пазари со попуст од 15 отсто

Делчево под засилен надзор по серијата пожари – видеокамери и дронови на критичните места

Западнонилската треска се шири во регионот, Грција регистрира 232 случаи

Пет пожари и натаму активни, најкритично е кај Копаница

Прилози

🎥 Сериозни сомнежи за подметнати пожари: Уапсени тројца малолетни странци со шишиња бензин, петарди, запалка и течен лепак

Во ек на пожарите во Македонија, уапсени три малолетни лица. Полицијата кај…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во ек на пожарите во Македонија, уапсени три малолетни лица. Полицијата кај нив пронашла две шишиња со бензин од по литро и половина, две петарди, запалка и течен лепак. Од МВР соопштуваат дека станува збор за странски државјани, а во присуство на дежурен тим од центарот за социјални работи и адвокат, со нив бил извршен службен разговор, по што биле предадени на социјалните служби.

Според надлежните постојат сериозни сомнежи дека зад серијата пожари во државава стои човечки фактор, поради што се прибираат докази. Првиот човек на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов вели дека симптоматично е што пожарите речиси секаде избувнаа во исто време, кога имаше силен ветер, односно временските услови беа погодни за брзо ширење на огнената стихија.

-Овие пожари во еден добар дел започнаа во приближно време, а некои од нив и во исто време, тоа беше некаде околу пладне. Голем број на полицијата, вклучително и незабележливи физички лица се насекаде, на местата на кои што постои опасност да бидат предизвикани пожари и верувајте дека има ефект затоа што еве во текот на денешниот ден условите се исти како вчера, повторно имаме ветер, можеби не толку силен како вчера, но надвор има ветер, изјави Ангелов.

Реклама

Сериозни сомнежни дека станува збор за подметнат пожар има и кај оној кој избувна во близина на Смилковското езеро. На местото на пожарот, полициските службени нашле жици од запалена гума, една ракавица и дел од друга ракавица. Доказниот материјал е предаден на вештачење во СВР Скопје. Дека станува збор човечки фактор се сомнева и градоначалникот на Гази Баба, Бобан Стефковски.

-Надлежните служби на лице место пронајдоа докази, тоа е гумени ракавици и остаток од запалена гума, што недвосмислено укажува на фактот дека се работи за човечки фактор и подмнетнат пожар. Навистина се работи за еден несовесен чин, кој што го загрозува пред се животот на граѓаните, имотот на граѓаните, меѓутоа ја загрозува и животната средина. Веќе имаме индиции за одредени возила кои што се движеле во овој потег во тој временски интервал и слично, надлежните институции веќе имаат прибавено видео материјал, изјави Стефковски.

Претходно уапсен беше и 57 годишник кој во Горче Петров со хартија од табла јајца потпалил сува трева. Со настанатиот пожар биле зафатени и изгорени околу 200 м2 тревна површина, а постоела реална опасност огнот да излезе од контрола и да зафати неограничен круг објекти во населено подрачје. Лишени од слобода беа и две лица поврзани со пожарот во отпадот за хаварисани возила и старо железо во Визбегово. Тие се осомничени за кривично дело „спречување службено лице во вршење службено дејствија“, поради напад на двајца медиумски работници, а едно од лицата сторило и кривично дело „непочитување наредба  на овластено службено лице или државен орган“.

Матеја Петровски