Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

Петрушевски: Пожарите се подметнуваат намерно, а СДСМ се сити и се обидува да печали политички поени

Пожарите се подметнуваат намерно, а СДСМ се сити и се обидува да…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Пожарите се подметнуваат намерно, а СДСМ се сити и се обидува да печали политички поени, изјави Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

„На неколку локации каде се локализирани пожари и во Скопско и низ државата се забележани гуми кои се фрлани со цел да се распламти и разгори пожарот. На одредени места пронајдени се и ракавици, а пред два дена во Чучер Сандево и дрва потопени во бензин.

Очигледно е дека како еден пожар се гаси, друг некаде веднаш се пали.

Реклама

Институциите на системот макотрпно работат и ги гасат и локализираат пожарите секој ден. Од друга страна некој во државата сака истата да ја пеплоса“, додаде Петрушевски.

„Според информациите кои ги имаме, а ги објавија и институциите, одредени лица се веќе под истрага, а едно лице е лишено и од слобода.

И додека институциите се борат да ја заштитат секоја педа земја, СДСМ тера политика и се обидува да ќари некој политички поен.

Чудна е поврзаноста на пожарите и брзината на СДСМ да изреагира.

Народот многу добро гледа СДСМ што прави, и за тоа следува казна на изборите“, изјави Бране Петрушевски.