Реклама

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Хаос на струшкото крајбрежје: Плажите десет години работат на диво, општината губи милионски суми

Аларм за безбедноста на храната, пеколот го скратува рокот на храната – АХВ ги засили контролите

Уште една, 5-та жртва од Западен Нил во Македонија, вирусот драматично се шири низ Европа

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Македонија

Панел-дискусија „Искористување на демографскиот потенцијал преку родово одговорни семејни политики“

Канцеларијата на Фондот за население на Обединети нации – УНФПА во Скопје…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Канцеларијата на Фондот за население на Обединети нации – УНФПА во Скопје денеска организира панел-дискусија „Искористување на демографскиот потенцијал преку родово одговорни семејни политики“.

Како што е најавено, ќе учествуваат претставници од УНФПА, Владата, од невладиниот и од приватниот сектор, работодавачи, синдикати, со цел зацврстување на дијалогот за родово одговорните семејни политики.

-Преку информирање на приватниот сектор за предностите на овие политики, застапување за потребните законски измени и зголемување на капацитетот на Владата за дизајнирање и спроведување на родово одговорни семејни политики во насока на искористување на демографскиот потенцијал во државата, соопшти организаторот.

Реклама

Настанот се одржува во рамки на регионалната програма „Проширување на изборот: Родово одговорни семејни политики за приватниот сектор во Западен Балкан – Фаза 2”, финансирана од Австриската агенција за развој, а се спроведува во соработка со Здружението Конект.

Според најавата од Канцеларијата на УНФПА, воведни говори на панел-дискусијата ќе имаат Бесар Дурмиши, министер за економија и труд, Ѓоко Велковски, заменик-министер за социјална политика, демографија и млади, Надица Петрушевски, политички аналитичар и одговорна за родови прашања во Австриска амабасада во Скопје и Афродита Шаља, шеф на канцеларијата на УНФПА во Македонија.

-Панел-дискусијата ќе ги презентира и најновите податоци и согледувања од Извештајот на УНФПА за состојбата на светското население за 2025 година, во пресрет на Светскиот ден на населението – 11 јули, се наведува во соопштението.