Реклама

Модернизација и дигитализација за поконкурентно земјоделство

Аларм од надлежните дека опасна онлајн група демне деца и кај нас во Македонија

Пензионерите на нозе – бараат отчет и смена на Трајкова за која тврдат дека е нетранспарентно избрана на функцијата

„One Stop Shop“ на Ќафасан за забрзано движење меѓу Македонија и Албанија

Митовски ги исполитизира и кравите – Советниците од ВМРО-ДПМНЕ бараат решение за проблемот

Мицкоски: Коридорот 8 ќе биде целосно завршен во 2029-та, автопатот Кичево-Охрид во вториот квартал од 2027-мата година

Хаос и протести наместо решение – Митовски не го прифаќа акцискиот план на ВМРО ДПМНЕ за проблемот со кравите

Избрана фирма која ќе го подготви проектот за решавање на депонијата Буково

Капиталните проекти со реализација од 70% – Владата гради, но и враќа стари долгови наследени од претходната власт

Во Македонија подобро се живее од пред три години, кога власта ја водеа СДСМ и ДУИ

Мицкоски: Алта банка ќе се продаде, сите шпекулации и невистини на опозицијата паднаа во вода

Домот за стари лица во Прилеп со нови идеи за подобрување на условите за своите штитеници

Македонија

ВЛЕН: Вистината што ДУИ сака да ја скрие со лаги: 20 години на власт, 0 Албанци во овие институции!

Секојдневно, ДУИ шири ниски и бесрамни лаги против владењето на ВЛЕН, обидувајќи…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Секојдневно, ДУИ шири ниски и бесрамни лаги против владењето на ВЛЕН, обидувајќи се да ја измами јавноста со празни тврдења за наводно намалување на застапеноста на Албанците во институциите. Но вистината е поинаква, а фактите говорат јасно!

Имено, истата таа ДУИ што денеска зборува за застапеност, била 20 години на власт и за тоа време ги оставила Албанците со нула застапеност во многу клучни државни институции. Еве неколку докази за оваа хипокризија:
0 Албанци во Специјалната единица „Тигри“
0 Албанци во Специјалната единица „Волци“
0 Албанци во Единицата за брза интервенција
0 Албанци во Дирекцијата за слободни економски зони
0 Албанци во Академијата на науките
0 Албанци во Агенцијата за филм

ДУИ нема право да зборува за застапеност, таа е партијата што ја предаде Охридската рамковна спогодба и крвта на мачениците кои се бореа токму за правична застапеност и еднаквост во секоја институција.

Реклама

За ДУИ, Албанците во овие институции беа еднакви на нула!

ВЛЕН нема повеќе да дозволи лагите да станат стандард. Ќе продолжиме да ја кажуваме вистината, да ја разобличуваме секоја институција каде Албанците се исклучени и да работиме за вистинска еднаквост!

А колку ВЛЕН се грижи за Албанците, покажува и фактот што само за една година владеење го донесуваме Законот за правична и соодветна застапеност, кој покрај подобрувањето на застапеноста, гарантира и поквалитетен кадар, професионалци со реално влијание во носењето одлуки.

Албанците не се бројки за манипулација, ниту нули за игнорирање.

ДОСТА СО ЛАГИ! ОТКРИЕНИ СТЕ!