Реклама

Клучни избори во Србија – голема излезност, крајна неизвесност

„Св. Еразмо“ по една деценија чекање – новиот болнички блок треба да биде готов до крајот на годината

Бугарија избира нов претседател: Избори за тест на власта на Радев и геополитичкиот курс на земјата

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонија

ИЈЗ со препораки за заштита на здравјето при пожари

Институтот за јавно здравје објави препораки за заштита на здравјето на населението…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Институтот за јавно здравје објави препораки за заштита на здравјето на населението од пожар во непосредна околина

1. Останете информирани

Следете ги известувањата од надлежните служби преку средствата за информирање (радио, ТВ) или мобилни апликации. Почитувајте ги сите наредби за евакуација или засолнување.

Реклама

2. Ограничете го изложувањето на чад

Држете ги прозорците и вратите затворени. Исклучете клима уреди и вентилација што внесува надворешен воздух.

3. Засолнете се во безбеден простор

Останете во затворена просторија со што помалку отвори кон надвор. Запечатете ги процепите околу прозорците и вратите со влажни крпи или самолеплива лента.

4. Користете соодветна заштитна опрема

Ако морате да излезете, користете маска што филтрира честички. Најефикасна заштита обезбедуваат маски со филтер од типот FFP2, FFP3, N95 или специјални противгасни маски со филтри за органски и неоргански гасови. Доколку немате професионална маска, прекријте го носот и устата со влажна крпа или пешкир додека се евакуирате (ова е само привремена и ограничена заштита).

5. Заштита на ранливи групи

Децата, постарите лица, бремените жени и лицата со хронични болести да останат во најзаштитените простории. При појава на симптоми (отежнато дишење, кашлица, вртоглавица), веднаш побарајте медицинска помош.

6. Подгответе се за евакуација

Подгответе торба со најважните документи, лекови, вода, храна и средства за лична заштита.
Знајте ги најкратките и најбезбедни патишта за евакуација.

7. Прва помош при изложеност на чад или изгореници

Ако некој има симптоми на труење со чад, изнесете го на свеж воздух и побарајте медицинска помош.

8. Комуникација

Останете во контакт со семејството и соседите, особено со ранливите лица. Известете ги надлежните служби за лица што имаат потреба од помош.