Реклама

Демографски аларм: Сè помалку ученици и студенти во Македонија

Со оптимизацијата, во Прилеп нема да биде затворено ниту едно училиште и сите наставници остануваат на работа

Берово преполно за Голема Богородица: Премиерот Мицкоски најави нови законски решенија и државна поддршка за развој на туризмот

Вештачка интелигенција наместо марихуана: Мицкоски порача дека Владата нема да се откаже од изградбата на национален дата-центар

Критикуваат секој ден, а бегаат од избори: СДСМ стравува од соочување со народот

Верниците ширум Македонија го слават големиот христијански празник „Успение на Пресвета Богородица“

Владата на Мицкоски со резултати кои го надминуваат 7-годишниот мандат на СДСМ и ДУИ

Нова гасна артерија: Македонија и Србија се поврзуваат со нов гасовод

Поевтин училишен прибор – се пазари со попуст од 15 отсто

Делчево под засилен надзор по серијата пожари – видеокамери и дронови на критичните места

Западнонилската треска се шири во регионот, Грција регистрира 232 случаи

Пет пожари и натаму активни, најкритично е кај Копаница

Прилози

Уште една неправда врз Македонија: Светот го виде вистинското лице на Бугарија

Уште една неправда врз Македонија, светот го виде вистинското лице на Бугарија,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Уште една неправда врз Македонија, светот го виде вистинското лице на Бугарија, неколку стотини Бугари не се никаков проблем, Софија сака бришење на македонскиот јазик и идентитет,  рече премиерот Христијан Мицкоски, откако во Европскиот парламент помина извештајот за напредокот на Македонија, без да се споменат јазикот и идентитетот. Европа видела со какви предизвици Македонија се соочува државава, но потенцира дека иако јасно на сите им е дека Бугарија работи против нас, остануваме горди и со крената глава.

-Затоа не сакам никого, никогаш и никој да ми споменува дека бугарското малцинство е проблем, тие неколку стотини луѓе кои се чувствувале како Бугари, дали биле во Уставот или не биле не се никаков проблем, уште утре можеме да ги внесеме, но суштината е многу подлабока од тоа и тоа многу јасно се виде со овие чекори кои ги презема нашиот источен сосед, изјави Мицкоски.

Мицкоски порача дека народот треба да биде на чисто, нема да се дозволи грешката која во минатото ја правеле неодоговорни политичари, односно нема да се случи ново предавство. Рече дека на Европа може д аи кажеме дека вистината оизлегла на површина.

Реклама

-Со жалење можам да кажам дека на површина излегоа и сите оние кои свесен сум дека се потеа додека измислуваа при наши средби изговори за наводни реформи кои треба да се донесат, и за наводно бугарско малцинство кое треба да влезе во уставот, за техникалии бегајќи од суштината. Сите тие се и беа свесни за вистината. Сепак тоа се политичари од врвен калибар, за разлика од Бујар, Артан, Ковачевски, Маричич, Венко и сите останати, изјави Мицкоски.

Премиерот упати и благодарност од пријателите од Европската Унија, кои се уште веруваат во нашите вредности како дел од европското семејство. Вели заедно ќе работат на реформите за напредок на државата.

-Нема да ве разочараме. Ќе работиме заедно со вас на реформи, на развој, ќе се обидуваме да ја придвижиме земјата кон ЕУ, тоа е новиот пат кој ќе го отвараме, по принципиелни и вредносни основи, затоа што членството на мојата татковина во ЕУ не е само цел, тоа е и наша потреба, но и заедничка потреба, изјави Мицкоски.

Според Мицкоски случувањата во моментов се Крушевскиот манифест, со кој Македонија докажува дека е на вистинската страна, за разлика од Бугарија која ни историјата покажала дека знае да ја одбере погрешната. Најави низа иницијатива и повика на сојузништво со МАНУ, со патиите на етничките заедници, опозициската СДСМ и сите кои сакаат како што рече да помогнат.

Матеја Петровски