Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Прилози

🎥 Започна изградбата на гасниот интерконектор со Грција

Во месноста Прждево недалеку од автопатот на потегот Неготино -Демир Капија официјално…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во месноста Прждево недалеку од автопатот на потегот Неготино -Демир Капија официјално стартуваше изградбата на гасниот интерконектор со Грција. Гасоводот во должина од 67 километри ќе има првичен капацитет од 1.5 милијарди кубни метри гас годишно со намера тој да се зголеми до 3 милијарди кубни метри гас. За премиерот ова е најважната капитална инвестиција во енергетиката последнава деценија. Според него, овој гасовод, како и поврзувањето со другите соседи, треба да ја направи Македонија важна енергетска крстосница на Балканот.

Проектот чини 60 милиони евра, финансиската конструкција е заокружена преку заеми и грантови од ЕУ, ЕБОР и еиб. Изведувачот, компанијата Рапид билд на вториот тендер понуди 12 милиони евра помалку од второрангираната компанија од Србија откако првиот тендер пропадна поради пропусти во тендерската постапка. Министерката за енергетика Сања Божиновска вели дека со овој гасовод не само што се отвораат нови извори за снабдување со гас, туку Македонија станува мост кон европските пазари.

Со изградбата на гасниот интерконектор, Македонија енергетски се диверзифицира, бидејќи претходно зависеше исклучиво од рускиот гас со кој се снабдувавме преку Бугарија.

Реклама

Во крајна фаза е и гасниот интерконектор кој го гради Грција од граница до местото Неа Месимгија во близина на Солун. Вкупната должина на гасоводното поврзување во двете земји е 124 километри кои официјално треба да профункционираат во 2027 година.