Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Прилози

🎥 Проблемот со водата во Скопје никако да се надмине – Арсовска и ЈП  „Водовод и канализација“ немаат никаков план

На пеколни горештини, во срцето на главниот град, граѓани четврти ден без…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На пеколни горештини, во срцето на главниот град, граѓани четврти ден без вода, причина нејасна .

Жителите од улицата „Салвадор Аљенде“  на Водно во телефонски разговор за Алфа откриваат дека во изминатите денови навечер доаѓало по малку вода, но со слаб притисок. Тие се обратиле во контролниот пункт на ЈП „Водовод и Канализација“  кој се наоѓа во близина, но од таму им било кажано дека добиле наредба од централата да ги исклучат пумпите.

Немаме вода пак ја исклучија вода …. Јас бев во контролниот пункт вчера и ми кажаа дека имало наредба од директорот да ги исклучат пумпите бидејќи резерварите се празнеле има наредба да се штеди , раскажува жител на улица Салвадор Аљенде во телефонски разговор за Алфа.

Реклама

Поради ваквата состојба граѓаните веќе одржаа еден протест, а велат дека повторно ќе излезат на улица доколку не се реши проблемот оти вака не се живее.  Зошто наредба за исклучување на пумпите среде лето и кога ќе се надмине проблемот прашавме во Водовод и Канализација, но до емитување на овој прилог не добивме одговор.

Во меѓувреме повиканата градоначлничка Арсовска, з апроблемот со немањето вода во повеќе скопски населби си ја ишка мувата од капата. Имало многу диви приклучоци, прекумерно с етрошео, а МВР не постапувало.

Секој ден се фаќаат по 30 диви приклучоци, а истите ни денар не плаќаат и затоа нерационално трошат бидејќи водата ја добиваат за џабе, а МВР не постапува, напиша градоначалничката

Но, од полицијата велат дека тие реагираат секогаш кога е поднесена пријава и во моментов се постапува по оние кои се поднесени за диви приклучоци.

…..МВР, односно полициските службеници и другите надлежни полициски служби секогаш без исклучок постапуваат по сите пријави доставени до организационите едници на министерството, како и при воочување односно забележување на одредени појави, состојби, дејствија и слично. Следствено на тоа, ве инфорираме, конкретно за вашето прашање, дека во моментов министерството постапува по повеќе слични такви пријави и појави, вклучително и некои што се однесуваат на наводите од посочениот фб статус…

Граѓаните бараат Водовод да си го реши проблемот и да им пушти вода, зошто е крајно нехумано среде жега да секнат чешмите… Особено текшо им е на повозрасните и болни лица и на оние со мали деца.