Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

Голема заинтересираност за брзата пруга – 16 финансиски гиганти сакаат да ја финансираат

Голем интерес за финансирање на брзата пруга долж Коридорот 10. 16 меѓународни…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Голем интерес за финансирање на брзата пруга долж Коридорот 10. 16 меѓународни финансиски институции и комерцијални банки се заинтересирани да учествуваат во изиградбата на мегапроектот за брза железница – објави Министерството за финансии. Од таму потврдуваат дека во наредните недели ќе се анализираат и евалуираат понудите. Конечниот избор на кредитор се очекува до есен. Писмо беше доставено до 24 финансиски институции, а рокот за доставување на понудите истече на 7 јули. Проектот е еден од најголемите во транспортната инфраструктура во историјата на земјава, со проценета вредност од 1,91 милијарда евра, и предвидува модерна, брза железничка врска што ќе ја поврзе Македонија со регионот и пошироко со ЕУ.

“Ова е јасен сигнал дека сме на добар пат. Ваквиот одѕив покажува дека проектот е препознаен како реален, стратегиски и исплатлив за меѓународната финасика заедница. Во наредниот период ќе спроведеме детална анализа и евалуација на пристигнатите понуди. Наша цел е да се избере најдобрата структура за финансирање, која ќе ги задоволува критериумите за ефикасност, одржливост и заемна корист“, велат од Министерството за финансии.

Барањето до меѓународните финансиски институции беше испратено врз основа на заклучок на Владата, а, покрај писмото, било доставено и детално образложение за проектот, изготвено од Министерството за транспорт и врски и МЖ Инфраструктура.

Реклама

Откако ќе се изгради оваа железница од Табановце до Гевгелија, времето за патување драстично ќе се скрати. Патничките возови ќе сообраќаат со 200 километри на час, а товарните до 120.

Според експертите, изградбата на брза пруга долж Коридорот 10 ќе ја поттикне  економската и трговската размена. Тие гледаат можност и за бенефит во делот на турзимот.