Реклама

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Хаос на струшкото крајбрежје: Плажите десет години работат на диво, општината губи милионски суми

Аларм за безбедноста на храната, пеколот го скратува рокот на храната – АХВ ги засили контролите

Уште една, 5-та жртва од Западен Нил во Македонија, вирусот драматично се шири низ Европа

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Македонија

Муцунски-Ал Мураики: Споделени вредности и заемна посветеност меѓу Македонија и Катар

Министерот Муцунски домаќин на катарскиот државен министер за надворешни работи, Султан Бин…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот Муцунски домаќин на катарскиот државен министер за надворешни работи, Султан Бин Саад Ал Мураики

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска беше домаќин на државниот министер за надворешни работи на Државата Катар, Султан Бин Саад Ал Мураики, кој престојува во официјална посета на нашата држава.

Двајцата министри се согласија дека посетата претставува потврда за споделените вредности и заемната посветеност кон подинамичен развој на билатералните односи, со посебен акцент на економските врски и трговската размена.

Реклама

На средбата стана збор и за севкупните односи меѓу двете земји и можностите за нивно понатамошно унапредување, при што беше изразено задоволство од досегашната соработка, вклучително и во рамките на мултилатералните организации. Посебно внимание беше посветено на развојот на економските и бизнис-релациите, како и на потенцијалот за унапредување на образовната и културната соработка.

Дополнително, беа отворени прашања поврзани со унапредување на договорната рамка, повторно воспоставување на директната авионска линија Скопје–Доха, како и други форми на секторска соработка.

Разговорите опфатија и теми од регионален и меѓународен карактер, вклучително и актуелните глобални предизвици од заеднички интерес за двете земји.