Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Прилози

🎥 Во услови на пеколни горештини, повисоките зони на Скопје навечер остануваат без капка вода

Додека Скопје е како под вршник со температури околу 40 степени, на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Додека Скопје е како под вршник со температури околу 40 степени, на повисоките места во главниот град со денови нема вода. На Водно веќе три дена жителите мака мачат. Појаснуваат дека навечер доаѓало по малку вода, но со слаб притисок. Револтирани се од градоначалничката Арсовска и јавното претпријатие Водовод и порачуваат дека ова е крајно нехумано. Особено текшо им е на повозрасните и болни лица.

„Во текот на денот воопшто нема вода, а станува збор за жители каде што имаме и постари луѓе, имаме и бебиња, кој што навистина не заслужуваат на 40 степени да немаат капка вода. Од проблемот од притисокот што немаме вода, веќе имаме дефект, каде ни се расипаа пумпите каде што влечат премногу камења, веќе имаме штета од 70.000, 80.000 денари, тоа треба да го сервисираме и пак ќе замолам да имаме вода како што треба нормално, не само во ноќните часови“.

Поради ваквата состојба  се одржа и протест.

Реклама

„Недозволиво е да во 21 век каде шти сите жители си ги плаќаат своите обврски и плаќаат да имаат основни услови за живот и тоа е водата, да се соочуваат со ваков проблем“, изјави Горан Герасимовски, градоначалникот на Центар.

Претходно и градоначалникот на гази баба Стефановски реагираше и најави конкретни мерки, ако ваквата состојба продолжи.

Доколку немаме итна реакција од надлежните институции, тогаш јас ќе застанам на страната на народот и ќе ги преземеме сите оние демократски чекори што ни се на располагање, нормално ќе го изразиме својот револт до сите надлежни институции“, изјави Бобан Стеафковски, градоначалникот на Гази Баба.

Од Јавното претпријатие „Водовод“ пак вчера преку соопштение кажаа дека енормно е зголемена потрошувачката на вода од неконтролирано трошење за полевање на зеленило, бавчи и ниви, за перење автомобили, за полнење на базени.

Испратија апел совесно и рационално да се користи водата, но не дадоа одговор дали имаат план како да се надмине проблемот и кога ќе почне да тече вода од чешмите без прекин. И градоначалничката Арсовска само ја наведе причината за проблемот, но не излезе на терен и не понуди конкретна мерка.