Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Прилози

🎥 Сиљановска – Давкова нема да предложи нов член на Судскиот совет се додека не се смени законот

Столчето на членот на Судскиот совет Миљазим Мустава ќе остане празно се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Столчето на членот на Судскиот совет Миљазим Мустава ќе остане празно се додека не се изгласа новиот Закон за судски совет. Претседателката Гордана Сиљановска нема намера да достави предлог до Собранието бидејќи како што вели не сака во последниот воз под превезот на недифираниот термин „истакнат правник“ да се протне  ново име. Таа упати низа критики за постоечкиот закон според кој се овозможувало да влегуваат имиња поврзани со политички партии и се бирале членови од редовите на судиите без строги утврдени критериуми. Таа вели дека ќе испрати писмо до претседателот на Собранието во кое ќе ги наведе причините зошто не сака да поднесе предлог и да го легитимира актуелниот закон, којшто и таа самата го критикувала.

Актуелнуиот член Мустафа беше избран во Собранието во 2019 та на предлог на претходниот претседател Пендаровски, утре му истекува мандатот. Поранешниот претседател Стево Пендаровски, го предпожи, а пратениците го изгласаа Мустафа кој дојде од Секретаријатот за спроведување на Рамковниот договор.

Не само Мустафа туку сите пет членови кои се избрани во Собранието имаат конекции со поранешната власт на двоецот СДСМ-ДУИ. Екс претседателките Весна Дамева и Павлина Црвенковска никогаш не биле судијки, туку стручни соработници во Кривичниот и Апелацискиот суд во Скопје, а влегоа во Советот под превезот „Истакнат правник“.

Реклама

Дамева била и член на правната комисија на СДСМ, а Црвенковска важи за близок човек на Заев. Селим Адеми,пак, пред да решава за судбината на судиите, бил секретар во општина Гостивар и државен советник во Секретаријатот за спроведување на Охридскиот рамковен договор. Овој ресор со децении го добиваше исклучиво ДУИ.

И последно избраната, адвокатката Тања Чачарова-Илиевска, е име кое се поврзува со СДСМ. Таа била посебен советник на екс министерката за правда Рената Дескоска и во минатото била донатор на социјалдемократите.