Премиерот Христијан Мицкоски најави нови мерки за регулирање на цените и намалување на инфлацијата многу скоро од денеска, откако Државниот завод за статистика објави 4,5% инфлација во јуни на годишно ниво. Цените на мало се зголемиле за 3,7%.
Мицкоски рече дека мерките ќе бидат таргетирани и нема да бидат мерки кои ќе донесат стихија. Според премиерот, инфлацијата засега е во рамките на очекуваните проекции. Тој се надева дека до крајот на годината ќе се оствари планот за намалена инфлација.
