Реклама

Полициска акција во Прилеп, Струга и Скопје за сузбивање трговија со дрога – над 17 уапсени

ЕУ со нов план за кандидатите – Македонија поблиску до Европскиот пазар

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме да разговараме и да дебатираме

Инвестиции во образованието: Официјално пуштен во употреба студентскиот дом „Стив Наумов“ во Скопје

Полициска акција – претреси на 30 локации, под лупа и полицајци во Прилеп

Директорот на „Македониум“ поднесе оставка, премиерот им се извини на граѓаните за пропустот

Серија критики за СДСМ поради Изборниот законик: Кочничари на се, го кочат европскиот пат, бегаат од дебата…

Фехми Стефа бара порано да го пуштат од затвор, Љупчо Пецов – Ѓаволот не ни влезе таму

Квалитет пред квантитет: објавен новиот повик за финансирање културни проекти од национален интерес

Мерките за справување со ценовниот шок даваат резултати, но и го притискаат буџетот

Паметна одбрана од пожари и поплави: Вештачка интелигенција за првпат во македонскиот систем за кризи

Разбиена терористичка келија на ИСИС – уапсени петмина кои планирале напади

Свет

Палестински извори брифираат дека не е постигнат договор за примирје меѓу Израел и Хамас

Без договор завршија разговорите што се одржаа во Катар помеѓу претставници на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Без договор завршија разговорите што се одржаа во Катар помеѓу претставници на Хамас и Израел за можен прекин на огнот. Двајца палестински извори информираат дека првата рунда на индиректни преговори во Доха била неуспешна, бидејќи израелската делегација, според нив, немала потребни овластувања за да договорат решение со Хамас.

Ако ова официјално се потврди, тоа значи дека паднаа во вода оптимистичките прогнози на американскиот претседател Доналд Трамп, кој синоќа изјави дека постои „добра шанса“ да се постигне договор со палестинското исламистичко движење Хамас „оваа недела“, што би довело до ослободување на израелските заложници држени во Појасот Газа.

Инаку, индиректните разговори меѓу Израел и Хамас за договор за прекин на огнот и ослободување на заложниците во Газа започнаа вчера вечерта во Доха, пред средбата меѓу американскиот претседател и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху. На состанокот во Белата куќа, меѓу другото, ќе се дискутира за предлогот на САД за 60-дневен прекин на огнот.