Реклама

Модернизација и дигитализација за поконкурентно земјоделство

Аларм од надлежните дека опасна онлајн група демне деца и кај нас во Македонија

Пензионерите на нозе – бараат отчет и смена на Трајкова за која тврдат дека е нетранспарентно избрана на функцијата

„One Stop Shop“ на Ќафасан за забрзано движење меѓу Македонија и Албанија

Митовски ги исполитизира и кравите – Советниците од ВМРО-ДПМНЕ бараат решение за проблемот

Мицкоски: Коридорот 8 ќе биде целосно завршен во 2029-та, автопатот Кичево-Охрид во вториот квартал од 2027-мата година

Хаос и протести наместо решение – Митовски не го прифаќа акцискиот план на ВМРО ДПМНЕ за проблемот со кравите

Избрана фирма која ќе го подготви проектот за решавање на депонијата Буково

Капиталните проекти со реализација од 70% – Владата гради, но и враќа стари долгови наследени од претходната власт

Во Македонија подобро се живее од пред три години, кога власта ја водеа СДСМ и ДУИ

Мицкоски: Алта банка ќе се продаде, сите шпекулации и невистини на опозицијата паднаа во вода

Домот за стари лица во Прилеп со нови идеи за подобрување на условите за своите штитеници

Македонија

Минчев: Ја презентиравме разликата помеѓу нефункционалното наследство и модерната држава што ја градиме

Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, денеска на презентацијата на модернизираниот Информациски…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, денеска на презентацијата на модернизираниот Информациски систем за управување со човечки ресурси (ИСУЧР), упати јасна порака дека владеењето на нефункционалност, нетранспарентност и бирократски хаос завршува. Македонија влегува во нова ера на ефикасна и отчетна администрација.

– Денес не претставуваме само софтверско решение, денес презентираме симбол на одлучност, на трансформација и на нова култура на управување во јавниот сектор. Ова е вистинска разлика меѓу претходната пракса на запуштени системи и оваа влада која испорачува резултати,“ – порача министерот Минчев.

ИСУЧР беше речиси нефункционален, користен од помалку од 100 институции од вкупно 1.400, со застарена технологија и без државна сопственост врз кодовите.

Реклама

– Тоа беше систем што не служеше на никого, освен на оние кои профитираа од неговата нефункционалност, рече Минчев.

Тој истакна дека денес, благодарение на политичката волја на Владата, на поддршката од премиерот проф. д-р Христијан Мицкоски и министерката за финансии, Гордана Кочоска Димитровска и со посветена работа на тимот на Министерството за јавна администрација, ИСУЧР е целосно обновен, функционален и, за првпат, во целосна сопственост на државата.

Сите институции во јавниот сектор ќе го користат ИСУЧР целосно бесплатно, без скриени договори или надворешни зависности.

Системот е безбедносно унапреден, со интегрирани функции за:

•     Централизирана пресметка на плати,

•     Дигитално управување со човечки ресурси,

•     Мобилност и кариерен развој во реално време,

•     Интероперабилност со УЈП, АВРМ и Централен регистар.

ИСУЧР нуди директен пристап на секој вработен до своето електронско досие, со сите податоци за плати, обуки, оценувања и напредувања. Тоа значи крај за загубени документи и дискрециони третмани.

– Со оваа модернизација на системот, Македонија штеди милиони евра, го елиминира ризикот од корупција и го воведува принципот на системска отчетност. До крајот на 2026 година, сите 1.400 институции ќе бидат интегрирани во системот. Едно решение. Еден систем. Една држава. Тоа е патот до стабилност, ефикасност и европски институционален модел, истакна Минчев.

Дополнително нагласи дека секој вработен во администрацијата ќе помине задолжителни обуки за користење на новиот систем, а на располагање ќе има и видео-упатства и техничка поддршка. Системот ќе се ажурира на секои шест месеци, согласно реалните потреби и технолошкиот напредок – првпат во историјата на македонската администрација.

– Ова не е само техничка надградба. Ова е реформа со резултати. Ова е разликата меѓу претходната и сегашната Влада. Претходните импровизираа – ние реализираме. Претходните тонеа во хаос – ние градиме институции, заклучи Минчев.

Со ИСУЧР како срце на јавна администрација, Министерството за јавна администрација испраќа јасна порака дека граѓаните заслужуваат институции што работат за нив, праведно и транспарентно.